Македонци одат да се борат за ИСИС, па се враќаат назад во државата
Објавено во: Свет 30 Март, 2016
Се зголемува бројот на балканските џихадисти кои соработуваат со Исламската држава во матичните земји или во воените жаришта во Сирија и Ирак.
До сега вкупно 877 лица од Балканот заминале да војуваат во редовите на ИСИС, а голем дел од нив после тоа се вратиле во нивните татковини.
Податоците од Балканската истражувачка регионална мрежа - "BIRN" покажуваат дека најголем број борци од Балканот во Сирија и Ирак заминале во текот на 2012. и 2013. година.
На пат кон џихад најмногу лица заминале од Косово (300 луѓе), од БиХ 200, од Македонија 207, од Албанија 107, од Србија 50, додека од Црна Гора во редовите на ИСИС заминале 13 борци.
Позагрижувачки е фактот што голем е бројот на борци кои се вратиле во своите држави од Сирија и Ирак.
Во Косово се вратиле 130, во Македонија 70, во БиХ 50, во Албанија 42, и 7 во Србија. Вкупно 299 луѓе кои се бореле на страната на најопасната терористичка организација на светот, се вратиле на просторите на балканските држави.
Истражувањата покажуваат дека терористите најмногу заведуваат и регрутираат млади лица преку интернет и социјални мрежи.
Експертот за сајбер-тероризам, сметаат дека ИСИС константно ја шири својата пропаганда на интернет, а нивната публика во главно се состои од луѓе кои се склони на насилство.