24 Октомври, 2024
0.0275

СЛАВЕСКИ: Jа прочитав „убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Екс министерот Трајко Славески на X денеска ја искоментира веста дека медицина ќе може да се студира на Универзитетот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. 

Во тој контекст напиша анегдота. 

„Еден мој поранешен професор на Економски факултет - Скопје, по потекло од Струга и учесник во НОБ, сега одамна починат, кажуваше една анегдота за лекар во неговиот роден град, од периодот меѓу двете светски војни, со диплома од Виена. Наводно, на што и да се пожалел пациент кај него, му препишувал аспирин. Човек му доаѓа позеленет во лицето, ќе го потчукнел по слабините и ќе го препорачал семоќниот лек. Според професорот, тој да ти бил од оние Für den Balkan gut (добар за Балканот) лекари со дипломи од европските универзитети од тоа време. Денес ја прочитав „убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари. Каде на друго место освен на далеку познатиот „универзитет на Рамиз Мерко”. Дозволата за отворање „студии по медицина” на овој „универзитет” ја потпишал неговиот сопартиец и министер за образование и наука во заминување, господинот Јетон Шакири. Значи, по отприлика сто години од т.н. Für den Balkan gut лекари, Струга во наредните неколку години треба да ги „изучи” сопствените медицинари. Практиката ќе покаже само за каде ќе бидат „добри”. Во овој контекст, се потсетив на уште нешто. При еден мој престој на државниот универзитет Аризона, во САД, во 1997 година, од колегите професори на економскиот факултет разбрав дека сојузната држава Аризона нема сопствен медицински факултет, туку само еден колеџ на Универзитетот Аризона во јужниот град Тусон. Во тоа време Аризона имаше околу 5 милиони жители. Денес Аризона има население од околу 7,5 милиони жители, што придонело да се зголеми побарувачката на студии по медицина. За таа цел, по 2007 година се отворени уште два-три медицински факултети, заедно со тој од градот Тусон, кој во меѓувреме прерасна во медицински факултет. Значи, со најновиот медицински факултет на струшкиот градоначалник од црната листа на САД, Македонија ќе ѝ парира на седум милионската Аризона во студиите по медицина. Се разбира, во квантитет, а за квалитетот - Бог нека ни е на помош!“, пишува Славески. 


Министерот за образование и наука во заминување Јетон Шаќири издал решение да му се дозволи на Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, да основа Факултет за здравствени науки.

Министерството за образование и наука утврдило дека се исполнети условите за почеток со работа на Факултетот за здравствени науки при Меѓународниот Универзитет во Cтруга.

Можеби ќе ве интересира

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра