24 Октомври, 2024
0.0309

МАКЕДОНСКО НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: Засадени се 400 примероци локални сорти грав – која е крајната цел?

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Во Опитно поле при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје неодамна се засадени 400 примероци локални сорти грав. Целта е овие сорти да бидат зачувани, да бидат умножени, а потоа дел од семињата ќе останат кај нас, а дел ќе завршат во холандската ген - банка. Професорите кои работат на овој проект велат дека со години ги собирале примероците грав по селата во Македонија. Тие посетиле преку 500 населени места. Нема точен податок колку сорти грав има на наше тло, но она што со сигурност се знае е дека се многу.

„Наша цел е да ги зачуваме автохтоните стари локални сорти. Во Скопје луѓето не ни знаат дека има толку многу сорти со различни зрна, затоа што најчесто сме научени на тетовскиот или на друг грав со бели зрна, а во продавниците за здрава храна може да се најдат крем зрна со виолетови шари. Ние објавивме и книга за разновидноста на македонскиот грав. Во неа има фотографии од 550 различни видови зрна од нашата колекција, но тоа не значи дека сите се од исти или од различни сорти. Со иста форма и боја на зрно, бело, па дури и од шарените, сортата може да биде висока или ниска – што се два различни подвида. Кај нас се одгледуваат тие два подвида, висок и низок грав, како и крупен грав кој припаѓа на друг вид. Старите локални сорти ги собираме од 2014 година, обично луѓето ни даваат по неколку зрна. Оваа година посеавме преку 400 примероци грав од стари локални сорти за да ги умножиме. Ќе направиме и анализа со молекуларни маркери кои ќе покажат дали сортите се различни дури и кога имаат исто семе. Дел од семето ќе го пратиме во холандската ген - банка CGN, тоа е јавна институција која понатаму ќе биде одговорна да го чува тоа семе бидејќи се базира на големи финансиски и човечки ресурси. Секаде во светот, може да се побара примерок од семето во ген – банките за научни цели. Тие ни помагаат финансиски за трошоците на опитот. Растенијата ќе ги карактеризираме (опишуваме) по однос на стеблото, листовите, цветовите, мешунките и семето, односно за својствата кои се карактеристични за да се утврдат различните примероци грав“, вели Соња Ивановска, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Таа објаснува дека крупниот грав веќе се губи кај нас, а во Словенија, Грција се користи за салати. И шарениот грав се губи, бидејќи мал дел од руралната популација го одгледува, а младите си заминуваат од селата. Книгата „Македонско непроценливо богатство – генетски диверзитет на грав (Phaseolus sp.)“ содржи каталог со вкупно 541 фотографија од различни примероци на македонски локални сорти од грав (435 од грав, 76 од грав што се одгледува за боранија и 30 од крупен грав). 

Авторите се надеваат дека фотографиите ќе ги мотивираат луѓето да го одгледуваат и почесто да го консумираат гравот. Така ќе придонесат за зачувување и одржливо искористување на извонредната разновидност на македонскиот грав. Во публикацијата се наведува дека гравот може да се одгледува во дворовите, но и во саксиите на балконите. Локалните сорти се особено значајни бидејќи подобро се адаптираат на надворешната средина и претставуваат резервоар од разновидни гени, особено за вкус и квалитет. Затоа, развиените земји вложуваат многу средства за колекционирање и конзервирање на локални сорти. Во развиените држави веќе неколку години се менува статусот на гравот – од „храна за сиромашните“ тој преминува во здрава храна, достојна да го замени месото во секој поглед. Во многу земји кои се карактеризираат со долговечно население, гравот претставува основна храна. Преку гравот, домородното население во Америка го обновувало „здравјето и идентитетот“.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра