14 Декември, 2025
0.1373

САМИТ НА Г7 ВО ИТАЛИЈА: Koлку чини ноќевањето во хотелот каде престојуваат најмоќните луѓе на светот?

Објавено во: Свет 14 Јуни, 2024 18:09

Добивај вести на Viber

На самитот на Г7 во Италија, најмоќните луѓе на светот спијат во хотелот во кој Мадона славеше роденден, а ноќевањето чини 4.500 евра.

Лидерите на седумте најбогати држави во светот – САД, Италија, Канада, Јапонија, Франција, Велика Британија и Германија, како и Европската Унија(ЕУ) за  време на самитот беа сместени во луксузен блиндиран хотел што наликува на помала населба во кој една ноќ чини вртоглави 4.500 евра. Во него досега престојувале пејачката Мадона, која таму славеше роденден во 2021 година, потоа фудбалерот Дејвид Бекам и музичарот Џастин Тимберлејк, кој таму го помина медениот месец со актерката Џесика Бил. Во хотелот работат 700 луѓе. Додека трае самитот локалното население може да се движи само со посебна пропусница, а никој не смее да плива во морето. Учесниците на самитот се максимално безбедни. Обезбедувањето брои од 7.500 до 9.600 мажи и жени, од кои 5.000 се карабинери, полиција, финансиска полиција, како и снајперисти.  Самит на Г7 во Италија се одржува по седми пат. 

Италијанската премиерка Џорџа Мелони без дилеми е ѕвездата, а украинскиот претседател Володимир Зеленски е најзадоволниот човек на годинашниот тридневен самит на Групата седум најразвиени земји – Г 7 што ќе се затвори попладнево со билатерални средби на учесниците и прес конференција на Мелони.

Уште првиот ден земјите членки на Г7 соопштија дека до крајот на годинава на Украина ќе и доделат заем од 50 милијарди долари од замрзнатиот руски имот. Освен ова, Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден потпишаа десетгодишен билатерален безбедносен договор, за кој беше кажано дека е претходница на членството на Украина во НАТО. Договорот има за цел да ги обврзе идните американски администрации да ја поддржуваат Украина, дури и ако Доналд Трамп во ноември победи на изборите, изјавија официјални лица.

foto Facebook/Georgia Meloni

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина