ГРЧКИ МЕДИУМИ: „Прво ракување во Скопје без провокации“, но и „Повторно провоцира Сиљановска – Не е прекршување терминот Македонија“
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2024 17:33
Грчките медиуми пишуваат за изјавата на македонската претседателка Гордана Сиљановска - Давкова за Договорот од Преспа.
Изјавата на Сиљановска - Давкова дека таа лично „не мисли дека го крши Уставот и не мисли дека неупотребувањето на уставното име може да предизвика проблеми“ денеска е во фокусот на грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчката новинска агенција АНА-МПА во текстот под наслов „Г. Сиљановска: Некористење на името Северна Македонија не претставува кршење на Уставот“, детално ја пренесува изјавата на претседателката за време на вчерашната заедничка прес-конференција со нејзините колеги од Црна Гора, Јаков Милатовиќ и од Албанија Бајрам Бегај, во која потсети дека нејзините документи, тие што ги потпишува, тие што ги поседува итн. се со уставното име, но и дека како човек имам право, „од Сократ до денеска, во рамки на слободата и мислата, слободното изразување на мислата, да се изразувам така како што тоа го правам и не мислам дека тоа е кршење ниту на Уставот ниту на меѓународното право“.
АНА-МПА ја пренесува и изјавата во однос на учеството на шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис на Самитот на Процесот на соработка во Југоисточна Европа.
Текстот од грчката новинска агенција го презедоа скоро сите онлајн изданија на медиумите, кои го пренесуваат со различни наслови, меѓу кои и „Северна Македонија: Повторно провоцира Сиљановска – Не е прекршување терминот Македонија“; „Северна Македонија: Сиљановска инсистира – Нема да предизвика проблеми неупотребата на уставното име“; „Сиљановска повторно провоцира: Моето некористење на уставното име на С. Македонија не е кршење на Уставот“.Весникот „Та неа“ се осврнува на учеството на шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис на Самитот и во текстот под наслов „Прво ракување во Скопје без провокации“.
Грција будно следи дали македонските политичари ќе го почитуваат Договорот од Преспа. Договорот е потпишан на 17 јуни 2018 година во Нивици.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




