24 Октомври, 2024
0.0277

ИМ ГИ ЗЕМАА УЧЕБНИЦИТЕ, ИМ ГИ СКРАТИЈА ЧАСОВИТЕ, АМА НА УЧИЛИШТЕ МОРА ДА ОДАТ: Топлотниот бран ја саботираше идејата за продолжена училишна година

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Со оглед на високите температури кои ја зафатија Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.06.2024 година, Министерството за образование и наука препорача училиштата да продолжат наставата да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува. МОН исто така препорача училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат, а на учениците да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода, но и да се советуваат учениците да не консумираат масна храна и храна со поголемо количество на шеќер.

Она што во оваа ситуација ги збуни родителите е тоа што уште во текот на вчерашниот ден, во некои училиште веќе беа земени учебниците од учениците, бидејќи според инструкциите кои ги добиле наставниците, тие требале да се вратат.

Според извори на „Фактор“ во некои училишта учениците ги вратија учебниците уште во текот на вчерашниот ден.

„Сега не ми е јасно за што воопшто ќе ми оди детето на училиште. Ќе има само три часа, ќе оди без книги. Можеби ова беше голема грешка. Не мораше да се дава пролетен распуст, а децата требаше да бидат на распуст уште на десетти јуни, како што било секогаш. Ова сега е тортура и за нив и за нас родителите кои одиме да ги зимаме од училиште и тоа во најжешкото во 12 часот“ вели Тања, мајка на прваче во едно училиште во Скопје.

Ф.Р.

Можеби ќе ве интересира

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра