КОНЕЧНО, ПРВИОТ МАРКЕТ НА ЛИДЛ ВО СКОПЈЕ: Лидл го гради првиот продажен објект во метрополата
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2024 10:14
Лидл започна со подготовки за градежни активности на
местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од 16 000 метри
квадратни и ќе инвестира вкупно 14 милиони евра во изградба на маркет.
Градежните работи се очекува да започнат летово.
Ова е продолжение на плановите за проширување на Лидл во Северна Македонија.
Лидл е дел од Schwarz Group која е една од водечките компании во малопродажната индустрија на храна во Германија и Европа. Лидл моментално работи со над 12 350 маркети и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја. Во Лидл има околу 375 000 вработени на меѓународно ниво.
Во Северна Македонија, Лидл започна со инвестиција - изградба на логистички центар во Куманово. Логистичкиот центар ќе се простира на 63 000 квадратни метри и ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема, целосно посветени на оптимизација на работењето. Логистичкиот центар дополнително ќе биде пример за одржливо и еколошко работење, ќе користи електрична енергија од обновливи извори на енергија и ќе биде опремен со фотоволтаични елементи кои генерираат вкупна моќност од приближно 1,7 MW.
Минатиот месец Лидл организираше средби со 130 македонски компании и со тоа отвори можности за соработка.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




