29 Април, 2024
0.0329

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче најави дека ќе носат нови мерки, поднесени се кандидатури за лидер на СДСМ

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ НОВИ АНТИ КОВИД МЕРКИ

Министерот за здравство, Венко Филипче, по денешниот настан по повопд Светскиот ден на борбата против ХИВ/Сида, изјави дека најригорозната мерка, карантин, во околности кога имаме скоро 50 проценти опфатенсот со вакцинација против ковид, не би требало да биде опција, а нема да се спроведе ниту мерката која се однесуваше на административците.

-Ќе оставиме време, да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Сметам дека дополнителна мерка, во смисла на форма оваа вакцина да биде задолжителна, а согласно примерите кои ги даваат и другите земји, не е исклучена. Некои земји размислуваат за задолжителна вакцинација. Засега останува вака кај нас, нагласи министерот за здравство.

Што се однесува пак на мерката за матичните лекари кои ќе добијат бонус од 30 денари по пациент, доколку имаат опфат од 70 отсто од нивните прикрепени пациенти, Филипче вели дека од исклучителна важност е матичните лекари да го зголемат апелот за вакцинација против корона вирус во Македонија.

ПОДНЕСЕНИ КАНДИДАТУРИ ЗА ЛИДЕРСКОТО МЕСТО ВО СДСМ

Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, попладнево покрај кандидатурата за претседател на СДСМ, ја поднесе и изборната програма под наслов „Заедно, одговорно и посветено“.

Како што рече тој, програмата се темели на три столба - Социјалдемократска визија, економски раст и фер шасна и јасен систем со одговорности.

„СДСМ поминува низ еден предизвик, секој глас од партијата треба да биде слушнат. Моето работење и мојот интегритет ќе го потврдам со одлуките што ќе ги носам, доколку бидам избран. СДСМ го има најголемиот кадровски потенцијал, рече Ковачевски

И Фросина Ременски ја сака лидерската функција во партијата. 

ДЕНЕСКА ИМА 410 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и Штип – по 14, Куманово – 13, Тетово и Кочани – по 10, Делчево – 8, Крива Паланка и Пробиштип – по 6, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5, Берово, Кратово и Крушево – по 4, Неготино – 3, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Двајцата Полјаци кои беа заинтересирани да го преземат рудникот „Тајмиште“ од Кичево, не обезбедиле доволно пари или банкарска гаранција пред да ја дадат понудата дека сакаат да ги откупат сите акции од компанијата. 

Владата одлучи да ги намали увозните давачки – царинските стапки на одделни производи односно компоненти потребни за производство на технолошко напредни производи до 30. јуни следната година.

Владата планира да воведе задолжително осигурување во земјоделството, а за таа цел веќе се подготвува и нов Закон. Иако нема многу детали за иницијативата, за законското решение има информација на ЕНЕР.

Извршителот Никола Богатинов на 26 ноември пријавил дека од уделот на бизнисменот Сергеј Самсоненко во компанијата „Сис Инвест Груп“ има налог за запленување на имот од 9,5 милиони евра.

Столари, бравари, фризерки, монтери, заварувачи и друг вид на занаетчии често се бараат на огласите за вработување. Потреба од занаетчии има во Скопје, но и во помалите градови.

Граѓаните или ќе плаќаат по 15 денари за ќеса што е зголемување за 650 отсто или ќе се свртат кон поодржливо решение додека пазаруваат. Официјално од денес во сите продавници и пазари на потрошувачите ќе им се наплаќа по 15 денари наместо 2 денари како претходно.

Матичните лекари велат дека стимулацијата која синоќа на седница ја изгласа Владата, а се однесува на нив, доколку постигнат 70 отсто вакцинираност кај пациентите, е бомбастична мерка, но нема да даде ефект.

По одлуката на Владата во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од корона вирусот и за спречување на ширењето на пандемијата, за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив, матичните лекари со кои поразговара Фактор велат дека поголем апсурд од ваква мерка немаат слушнато.

Со полна пареа продолжија вработувањата во јавниот сектор. Агенции, општини, јавни претпријатија, јавни здравствени установи, па дури и самата Влада, деновиве сите бараат по еден или по неколку вработувања, а огласи фрчат на веб страницата на Агенцијата за администрација. 

Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“