16 Мај, 2024
0.0282

Крај за отпадот од пластични ќеси или нови проблеми?

Објавено во: Економија 01 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Граѓаните или ќе плаќаат по 15 денари за ќеса што е зголемување за 650 отсто или ќе се свртат кон поодржливо решение додека пазаруваат. Официјално од денес во сите продавници и пазари на потрошувачите ќе им се наплаќа по 15 денари наместо 2 денари како претходно.

Во употреба задолжителни ќе бидат пластични биоразградливи кеси кои се смета дека имаат помал импакт врз животната средина. Сепак, граѓанските иницијативи и експерти за отпад поставуваат дилеми колку замената на пластичните кеси ќе биде ефикасна. Решенијата се дел од новите одредби според Законот за управување и постапување со отпад од пакување.

„Накусо, нецелосни и површни. Како Иницијатива која одблиску го следи овој проблем, резервирани сме дали и вака донесениот закон ќе се спроведе доследно од проста причина што иста ваква забрана за пластичните кеси веќе постои, со ЗУПОП од 2012 година. Но, во 2013 година оваа законска забрана е анулирана со подзаконски акт – Правилник за стандардите на биоразградливост, донесен од самото Министерство, со што Законот е двапати прекршен: еднаш поради фактот што речиси сите сектори беа изземени од забраната и уште еднаш со тоа што пластичните кеси со додадени адитиви (т.н. оксоразградливи ќеси) беа протнати на пазарот како биоразградливи“, вели Андријана Папиќ Манчева од иницијативата „Од нула до нула“.

Каде лежи проблемот со биоразградливите кеси?

Покрај законските измени треба да се променат и правилниците кои подетално ќе ги утврдат обврските на сите трговци, вклучувајќи ги и зелените пазари. Употребата на тенките ќеси кои практично лесно се кинат и брзо уништуваат е еден од најголемите проблеми.

Оваа микропластика навлегува потоа во почвата и водите и значително ја загадува нашата животна средина. Следен проблем со тенките и биоразградливите кеси е селекцијата и вистинскиот степен на рециклирање.

„Најпрво, да појасниме – во Македонија не постојат вистински биоразградливи ќеси. Второ, рециклирањето на пластичните кеси речиси и да не постои. Пластичните ќеси лесно се вовлекуваат внатре во машините за рециклирање, поради што ги примаат мал број капацитети за рециклирање низ светот. А како што знаеме, кај нас капацитети за рециклирање на пластичните ќеси - нема. Биоразградливоста кај нас се користи за целите на лажниот зелен маркетинг (т.н. greenwashing). Луѓето мислат дека ако ќесата што има знакче за рециклирање, тогаш е безбедна за животната средина“, вели Папиќ Манчева.

На социјалните мрежи веќе се шират иницијативи за враќање на навиките за пазарење со платнени торби кои се „пери-носи“. Повозрасните граѓани покажаа дека се еколошки „најосвестени“ и често пазарат со торбички или платнени ташни.

Друго решение е да се зголеми употребата на цврсти хартиени ќеси, особено во маркетите. Но, ако се направи директна замена на досегашните пластични ќеси ќе се дојде до застрашувачки бројки. Според проценките годишно македонските граѓани трошат помеѓу 150 и 500 милиони кеси. За истите да се заменат со хартиени ќеси ќе треба да се исечат над 700 илјади дрвја.

Производството на хартиени кеси се одвива со интезивен хемиски процес што остава последици врз почвата, водата и воздухот, а секако се намалува и дрвниот фонд. Без последици не се ниту платнените торби од природни влакна.

Без оглед кој ќе биде изборот на потрошувачите, дали ќе плаќаат по 15 денари за пластична вистински биоразградлива кеса или не, дали ќе користат хартиени или платнени кеси ќе мора да ги користат повеќе пати најмногу што можат за да спречат поголемо загадување и уништување на животната средина.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА