15 Мај, 2024
0.0295

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Објавено во: Македонија 29 Април, 2024

Добивај вести на Viber

За избирањето на шефот на државата со двотретинско мнозинство од Собранието, Африм Гаши од „Алтернатива“ и коалицијата „Вреди“ потенцира дека тоа не е нивен услов при составување на идната влада. Посочи дека и за ова прашање треба да се отвори широка дебата и широк политички консензус.

- При усвојување на идните уставни измени, да се донесе и одредба според која претседателот на државата ќе се избира во републичкото собрание, со што е можно поширок политички консензус, но и со поголема етничка кохезија преку двојното мнозинство. Избирањето на претседателот на државата од Собрание не е услов. Ние рековме широка дебата. За се што е потребно двотретинско мнозинство, секогаш треба да отворите широка дебата и консензус во државата, во Собрание. Не можете со условување да дојдете до две третини. Треба да се убедуваме, да отвориме широка дебата, да видиме дали тоа навистина е добро за сите граѓани и ако сите се убедиме дека тоа е добро – тогаш ќе пристапиме кон процедурата и гласање. Не е да поставуваме услови кога некој за тоа не е убеден. Сакам да се убедиме, да отвориме широка општествена дебата во сите политички стејк холдери и тоа да заврши со гласање на претседател во Собранието. Сметаме дека подобро е за граѓаните претседателот на државата да се избира во Собрание, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. 

„Алтернатива“ и во денешното соопштение што го испрати за медиумите потенцираше дека избор на претседател на државата во Собрание со двотретинско мнозинство не е услов за идното коалицирање и формирање на Влада.

„Додека сме овде, морам да Ве повикам да бидете спокојни дека е само пропаганда тоа дека некој ќе ги блокира уставните измени и евроинтеграцискиот пат. Албанската коалиција ВЛЕН е гаранција во идната Влада дека уставните измени ќе се усвојат и за ова ќе имаме посебна рамка за мерките и роковите за спроведување на оваа обврска. Секако, нашето инсистирање е тие да се усвојат што е можно побрзо и преговорите за пристапување во ЕУ да започнат што поскоро.
Освен ова, ние сме доследни на нашиот став дека треба да се отвори широка дебата со цел при усвојување на идните уставни измени, да се донесе и одредба според која претседателот на државата ќе се избира во републичкото собрание, со што е можно поширок политички консензус, но и со поголема етничка кохезија преку двојното мнозинство.
Мојот последен апел е да работите со голема трудољубивост, посветеност и грижа, со цел победата на 8 мај да биде што повеличествена. Убедени дека сето тоа вреди да се направи“, гласи дел од соопштението на Алтернатива.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“