16 Мај, 2024
0.0266

ДВАЈЦАТА ПОЛЈАЦИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ГО ПРЕЗЕМАТ „ТАЈМИШТЕ“ ОД КИЧЕВО - регулаторот вели дека не обезбедиле ни пари, ни банкарска гаранција

Објавено во: Економија 01 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Двајцата Полјаци кои беа заинтересирани да го преземат рудникот „Тајмиште“ од Кичево, не обезбедиле доволно пари или банкарска гаранција пред да ја дадат понудата дека сакаат да ги откупат сите акции од компанијата. 

Комисијата за хартии од вредност вчера го одбила нивното барање за давање понуда за преземање на оваа компанија.

Тоа значи дека нема да можат да ја откупат компанијата од акционерите како што планираа, а доколку сеуште се заинтересирани, тоа ќе можат да го сторат дури после една година.

„Комисијата за хартии од вредност со која претседаваше претседателката Нора Алити, го одби барањето од лицата Војчех Едвард Пилч и Бигосински Јацек, двајцата од Република Полска, за давање понуда за преземање на акциите издадени од ‘Тајмиште’ АД Кичево“, се вели во вчерашното соопштение од регулаторот на пазарот на капитал.

Од КХВ објаснуваат дека решението за одбивање на барањето го донеле врз основа на член од Законот за преземање на акционерски друштва, бидејќи, како што велат, преземачите Војчех Едвард Пилч и Бигосински Јацек „не постапиле согласно законската обврска за обезбедување на паричните средства или банкарска гаранција пред да дадат понуда за преземање, односно не докажале дека се исполнети условите од Законот за преземање, па поради тоа се смета дека се откажале од намерата за преземање“.

Овие две лица во октомври 2021 година ја известиле КХВ дека имаат намера да дадат понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од „Тајмиште“ Кичево, по цена од 970 денари по акција, а понудата била и јавно објавена.

„Согласно член 25 од Законот, овие лица не можат да дадат нова понуда пред истекот на една година од денот на откажување на намерата“, велат во вчерашното соопштение од Комисијата за хартии од вредност.

Инаку, Фактор веќе пишуваше дека полјакот Војчек Едвард Пилч, кој неодамна купи влизу 22 проценти од рудникот „Тајмиште“ во Кичево, сега, заедно со уште еден негов деловен партнер, исто така полски државјанин, планираат да ја дооткупат целата компанија од сите преостанати акционери. За акциите тој имаше намера да плати по 970 денари.

Ако се оди по логиката дека Пилч поседува 5.764 акции од компанијата, како и дека ова акционерско друштво има вкупно 26.341 акција, значи дека тој и Бигосински планираа да докупат уште 20.577 акции, под услов да сакаат да ги продадат сите акционери. Доколку за нив се платеше цена од 970 денари по акција колку што тие сакаа да понудат, тоа значи дека двајцата Полјаци беа подготвени да платат близу 20 милиони денари, односно 325 илјади евра.

Но, сега оваа трансакција нема да се реализира, бидејќи КХВ нема доволно докази дека двајцата Полјаци ги имаат потребните пари за да ја преземат фирмата. Така што, доколку се сеуште заинтересирани, Пилч и Бигосински ќе мора да почекаат една година за нов обид за преземање на друштвото.

Основни дејности на „Тајмиште“ Кичево се рударски услуги, и тоа транспорт, ископ, дупчење и минирање, потоа производство на жичани производи, и тоа жичано плетиво, истегнат метал и браварија, како и угостителски услуги, односно Хотел Кичево и Куќа на уметноста.  

Инаку, „Тајмиште“ во 2018 година имало добивка од само 1.800 евра, но затоа во 2019 година прави голема загуба од 672 илјади евра, за таа да порасне на 694 илјади евра во 2020 година. Загуба друштвото регистрирало и во првото полугодие од 2021 година, и таа изнесува околу 18 илјади евра, што е многу помалку од истиот период лани, кога минусот бил на ниво од 131 илјади евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025