16 Мај, 2024
0.0278

СО ЗАДОЦНУВАЊЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ: Владата ги намали царините за увоз на компоненти

Објавено во: Економија 01 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Владата одлучи да ги намали увозните давачки – царинските стапки на одделни производи односно компоненти потребни за производство на технолошко напредни производи до 30. јуни следната година. Одлуката е донесена на вчерашната владина седница, а намалувањето на увозните давачки е на нивото на царинските стапки на Европската унија со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи.

Инаку ова е практично своевидно продолжување на мерката која Владата ја донесе на 27 октомври лани кога ги намали овие давачки до 31 октомври годинава. Поради неажурност и поради изборите мерката не беше продолжена навреме па царините се вратија на старо во цел месец што измина односно цел ноември. А станува збор за царински стапки за увозни производи кои ги употребуваат најмногу странските компании, дел од нив лоцирани во зоните, дел надвор од нив. 

Со ланската одлука која најверојатно е иста и сега Владата намали 33 царински стапки.  Одлуката се донесе на барање извозните компании кои претходно тоа го потенцираа долго време. Тврдеа дека им се намалува конкурентноста затоа што плаќаат повисоки царини од тие во ЕУ за увоз на компонентите со што стануваат помалку конкурентни. 

Кога се донесе одлуката, лани странските извозни компании беа задоволни со одлуката, но тврдеа дека ова е привремено решение

„Во услови кога усогласувањето со царинските стапки на ЕУ се јавува како обврска на земјата во процесот на пристапување во ЕУ, автономните мерки претставуваат привремено решение што е во функција на зголемување на извозната конкурентност на индустријата во земјава, која произведува технолошки напредни производи. Тоа, секако ќе придонесе за подобро деловно работење на сите компании од секторот, но и за поголема атрактивност на земјата при привлекување нови компании со странски капитал, наведоа тогаш од Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. 

По иницијатива на Асоцијацијата, поднесена на 9 октомври лани, се побара изедначување на царинските стапки на ниво на оние во Европската унија за одделни компоненти кои им се неопходни на компаниите за нивниот технолошки процес, започнувајќи од 1 ноември а во времетраење од една година.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД