16 Мај, 2024
0.0415

Д-Р ЛИДИЈА ЧОЛАКОВА ДЕРВИШОВА: Стимулацијата од 30 денари е бомбастична, но нема да има ефект

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Матичните лекари велат дека стимулацијата која синоќа на седница ја изгласа Владата, а се однесува на нив, доколку постигнат 70 отсто вакцинираност кај пациентите, е бомбастична мерка, но нема да даде ефект.

Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари  вели дека педијатрите работат со мала популација која и онака не се вакцинира, другите лекари имаат пациенти кои или се прележани, или веќе се вакцинирале или пак имаат возрасни пациенти кои би можеле да имаат контраиндикации и нема да се имунизираат. Таа смета дека ниту еден матичен нема да го достигне бараниот процент за добивање на стимулација. Чолакова Дервишова објаснува дека на тема вакцинација тие со пациентите разговараат веќе две години, но ниту еден лекар нема да се дрзне да убедува пациент да се вакцинира, доколку тој не сака.

„Стимулација со услов не е стимулација. Во сите други соседни држави лекарите беа наградени без да се бара исполнување на некој услов. Пациентите си имаат загарантирано право со Устав и со закон самите да одлучуваат за себе. Ниту еден лекар нема да се дрзне да убедува некого да се вакцинира и да ја сруши таа доверба која ја градел 30 години“, рече Чолакова Дервишова.

Таа додава дека и во другите сфери кај нас, кога се наградуваат одредени кадри, тоа обично е без некакви услови. Вели дека 30 години не е направено ништо за примарното здравство во земјава.

30 денари од пациент за матичните лекари доколку 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат. Оваа предлог одлука беше донесена официјално на 122-та Седница на Владата. 

С. А.

ФОТО: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање