16 Мај, 2024
0.0280

Се бараат занаетчии, недостигаат на пазарот и нивното време допрва доаѓа

Објавено во: Економија 01 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Столари, бравари, фризерки, монтери, заварувачи и друг вид на занаетчии често се бараат на огласите за вработување. Потреба од занаетчии има во Скопје, но и во помалите градови.

Од фирмите кои бараат ваков кадар, велат дека добар занаетчија тешко се наоѓа, затоа што квалификуваните работници заминуваат во Европа, најчесто во Германија за повисока плата. Работници бараат преку огласи или преку Агенцијата за вработување. Даваат шанса и на оние кои имаат основа, а со текот на времето можат да го совладаат занаетот.

„Континуирано бараме и бравари и заварувачи, но тешко се наоѓаат. Даваме можност и на оние кои имаат основно знаење, а со текот на времето ако имаат волја можат да се доусовршат и да учат од искусните мајстори. Миграцијата придонесе да фалат занаетчии. Откако се отворија границите, дел од заварувачите заминаа во Германија“, велат од фирма во Битола.

Анета Атанасовска од Занаетчиската комора Скопје објаснува дека во земјава фалат паркетари, плочкари, градежници, заварувачи. Вели дека компаниите без добри занаетчии не можат да склучуваат нови договори, да испорачуваат услуги во точно утврден рок, а ќе се намали и квалитетот на услугата. И во козметичкиот сектор ќе фалат работници, затоа што оние кои веќе имаат искуство се одлеваат од салоните и си отвораат свои бизниси.

„Имаме дефицит од занаетчии. Ние за ова алармиравме пред 10 години, и овој недостиг од кадар ќе ни се удри од глава во следните 3 до 5 години. Младите си одат од државата, образованието не продуцира доволно кадри. Мораме да работиме на тоа да привлечеме млади кои ќе се образуваат во средните стручни училишта“, вели Атанасовска.

Во Македонија има околу 5.800 занаетчии со 3.300 вработени. Најголем дел од нив се концентрирани во главниот град.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025