16 Мај, 2024
0.0340

СОВЕТНИК, СОРАБОТНИК, ПОМОШНИК - фрчат огласи за вработувања во јавниот сектор, дали се сите потребни

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Со полна пареа продолжија вработувањата во јавниот сектор. Агенции, општини, јавни претпријатија, јавни здравствени установи, па дури и самата Влада, деновиве сите бараат по еден или по неколку вработувања, а огласи фрчат на веб страницата на Агенцијата за администрација. Вообичаено, се бараат советници и соработници, а многу ретко суштински вработувања кои би ја зголемиле додадената вредност на институцијата која сака да прима нови вработени.

Фактор објавува какви се огласи се распишани во периодот од 25 до 29 ноември на веб страната на Агенцијата за администрација.

Најтазе, од пред еден ден, е огласот на Агенцијата за храна и ветеринарство, која бара шест извршители. Таму ќе се вработи интересен профил на кадар - советник за следење на обуки, кој ќе зема плата од нешто над 25 илјади денари. Плати од 22 и пол илјади денари, пак, ќе земаат соработникот за истраги и измами во делот на храната и соработникот за категоризација на ризик, додека, пак, помладиот соработник за комуникација, како и помладиот инспектор за инспекциоја за храна во Подрачната единица во Ресен ќе земаат плата малку повисока од 21 илјади денари.

Јавниот здравствен дом „Д-р Иван Георгиев“ од Пехчево планира да има две нови вработувања. Распишани се огласи за помлад соработник за јавни набавки, чија плата ќе биде безмалку 26 илјади денари, како и помлад референт – контер, кој ќе работи за месечен надоместок од нецели 21 илјада денари.

И општините почнаа со нови вработувања. Општина Центар ќе прима помошник раководител на секторот за уредување на градежното земјиште, чија месечна нето плата ќе биде на ниво од близу 33 илјади денари.

И во Агенцијата за вработување ќе има нови вработувања, и за нив се распишани три огласи. Таму ќе се прима помошник раководител на Секторот за финансиски прашања, а неговата плата исто така месечно ќе тежи околу 33 илјади денари. Агенцијата бара да прими и раководител на Одделот за вработување и поддршка на млади, чија плата ќе изнесува нешто помалку од 30 илјади денари, а ќе се прими и еден виш соработник за активните мерки за вработување, чиј месечен надоместок ќе изнесува 23 илјади денари.

И самата Влада планира едно ново вработување. Таму  ќе има нов соработник за општи и административни работи – асистент за техничко оперативна поддршка на секретарот, со плата од нецели 24 илјади денари.

Во две основни училиште во Кочани ќе се примаат и советници за општи и нормативно-правни работи, чии плати ќе изнесуваат по околу 25 илјади денари, а едно вработување ќе има и во Јавното комунално претпријатие Петровец, кое ќе прими помлад референт за административно-технички работи, со плата од нешто над 15 илјади денари.

Инаку, Фактор веќе пишуваше дека на неполни две недели откако завршија локалните избори, на веб страницата на Агенцијата за администрација осамнаа и новите огласи. Нив ги немаше нешто повеќе од два месеци, бидејќи по распишувањето на изборите на 6 август, беше спротивно на законските прописи да се примаат на работа нови луѓе во државната управа. Државните органи за тоа беа и предупредени од Државната комисија за спречување на корупцијата, по што огласите стопираа. Но, локалните избори завршија на 31 октомври, а потоа финишираа и приговорите и прегласувањата, па дел од државните институции продолжија со пополнување на работните места.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот

„Отстапување од Договорот, сигурно ќе има сериозни последици во нашите односи“: Мицотакис повторно се огласи

„Отстапување од Договорот, сигурно ќе има сериозни последици во нашите односи“: Мицотакис повторно се огласи

ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: „Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција“- грчкиот пратеник Велопулос гневен на тоа како се учи историјата во земјава

ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: „Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција“- грчкиот пратеник Велопулос гневен на тоа како се учи историјата во земјава