НЕ Е ИСКЛУЧЕНА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД, НО ЗАСЕГА ЗА ВАКВА МЕРКА Е РАНО: Филипче најави дека ќе носат и нови мерки
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021
Министерот за
здравство, Венко Филипче, по денешниот настан по повопд Светскиот ден на
борбата против ХИВ/Сида, изјави дека најригорозната мерка, карантин, во
околности кога имаме скоро 50 проценти опфатенсот со вакцинација против ковид,
не би требало да биде опција, а нема да се спроведе ниту мерката која се
однесуваше на административците.
-Ќе оставиме време, да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Сметам дека дополнителна мерка, во смисла на форма оваа вакцина да биде задолжителна, а согласно примерите кои ги даваат и другите земји, не е исклучена. Некои земји размислуваат за задолжителна вакцинација. Засега останува вака кај нас, нагласи министерот за здравство.
Што се однесува пак на мерката за матичните лекари кои ќе добијат бонус од 30 денари по пациент, доколку имаат опфат од 70 отсто од нивните прикрепени пациенти, Филипче вели дека од исклучителна важност е матичните лекари да го зголемат апелот за вакцинација против корона вирус во Македонија.
„Матичните лекари треба да се свесни колку е важно да се зголеми опфатот на вакцинацијата. Тоа треба да го прават преку интензивна комуникација со пациентите, да ја пуштат важната порака за вакцинацијата, рече Филипче.
Министерот нагласи дека во внатрешноста, има матични лекари кои веќе имаат 70 отсто опфатеност, а финансискиот надоместок, кој е еднократен ќе им се исплати на почетокот на летото 2022. Со оглед на тоа дека еден матичен лекар може да има најмногу 2.500 пациенти, а во просек се 1.000, тоа не се пари за занемарување, нагласи Филипче.
А.Б.