„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза
Објавено во: Македонија 28 Април, 2024
Новинарот Драган Павловиќ Латас вели дека на претстојните парламентарни избори, Македонија ќе испише историја.
„Ако се биде во ред, а би требало да биде, Македонија на овие избори испишува историја.
За прв пат од осамостојувањето во владата ќе бидат заедно идеите на Крушевската република со ВМРО ДПМНЕ и на АСНОМ со ЗНАМ и Максим Димитриевски.
Македонија треба да го слави, и ќе го слави ова време кое го чекаме повеќе од 30 години“, пишува Латас на социјалната мрежа фејсбук.