07 Мај, 2024
0.0244

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес нема починат од коронавирусот, Заев објасни зошто гласаа 260.000 помалку

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

ЗА 24 ЧАСА НЕМА СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје-41, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Пробиштип-1.

Нема починати пациенти. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412,  бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040. 

Дете на возраст од 2 години е најмладиот новозаразен со коронавирус во Штип. 

Ова го покажаа денешните пристигнати резултати од брисевите што ги земале епидемиолозите, но и од приватните лабаратории. 

ЗАЕВ ОБЈАСНИ ЗОШТО ГЛАСАА 260.000 ЛУЃЕ ПОМАЛКУ

Зоран Заев, актуелниот претседател на СДСМ, додека е на одмор излезе во јавноста по одржаните парламентарни избори и седницата на Државната изборна комисија на која беа одбиени сите приговори, при што во интервју за А1он издвои четири причини зошто овој пат излегоа 264.000 граѓани помалку на гласање во однос на 2016.

Според лидерот на партијата чија коалиција освои најмногу гласови на 15 јули, пасивноста на граѓаните се должи на епидемијата. самиот летен период, црната кампања на опозицијата, како и поради тоа што овој пат „не се рушела власт како раа на режимот на Никола Груевски“.

– Овие избори беа специфични од повеќе аспекти. Тие се одвиваа во услови на светска пандемија Ковид-19, која, за жал, не ја одмина ниту нашата земја. Изборниот процес беше 100 процентно безбеден од здравствен аспект, граѓаните беа целосно заштитени и нивното здравје во ниту еден момент не беше загрозено. Сепак, за мал дел од граѓаните стравот од заразата влијаеше да не излезат на гласање.

Друга посеризона причина е изборниот термин, сред лето. 

НИКОЛА ПОПОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ВО ОПОЗИЦИЈА

Дури и да испаднеше како што најавуваа нашите и да добиевме 57 пратеници, формирање Влада ќе беше тешко. На изгубени избори, не е полесно, вели Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ за МКД.мк.

Попоски тврди дека толкувањето дека доколку не се брои една категорија гласачи, ВМРО- ДПМНЕ има подобар резултат, не е само во судир со унитарниот карактер на државата, туку и го руши идеалот на Илинденците, имиџот за нив во очи на исклучените, но и кон странците.

Вели дека следните чекори на неговата партија треба да бидат да се остане во опозиција.

ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“

Денеска стартуваше судскиот процес за случајот „Меѓународен сојуз“, а Вилма Рускоска, обвинителката за организиран криминал и корупција, пред Основниот кривичен суд во воведен збор рече дека има несоборливи докази дека обвинетиот Бојан Јовановски преку оваа организација изнудил милион евра од бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски.

Според Рускоска, Боки 13 со помош на уште тројцата обвинети - Фросина Ременски, Јасна Мандиќ и татко му Миле Јовановски тие пари успеал да ги испере, откако на сопствениците на „Пелистер“ и „Дрим Билдинг“ лажно им прикажал факти дека ќе гради европски центар за згрижување на возрасни лица. 

Никој од обвинетите не призна вина, сите се изјаснија дека не се виновни.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во градот под Исарот, сошиени се илјадници заштитни маски за извоз откако почна пандемијата на коронавирусот.

Официјално се на одмор, а во позадина нивни тимови, сепак, не само што го испитуваат пулсот, туку и разговараат на конкретни прашања.

Се стега обрачот околу финансиските друштва кои незаконски ги „дереа“ граѓаните за издадените брзи кредити. 

Хотели „Метропол“ со своите три хотели останува хотелска компанија на охридската ривиера неприкосновена од аспект на остварен приход и профит.

Утрово Државната пазарна инспекција го затвори ноќниот клуб Аватар во Струмица. Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски за Фактор вели дека веќе е издадено решението и веднаш почнале со пломбирањето. 

Агенцијата за катастар го објави цените и потрошените суми за закупи и продажби на недвижен имот за вториот квартал од 2020 кој се совпаѓа со корона-кризата во Македонија, а според кој се забележува голем пад на кириите за станбен простор, како и вкупните пари платени за ова тромесечие.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта