02 Мај, 2024
0.0289

Започна судењето за „Меѓународен сојуз“, Рускоска вели дека Боки 13 немал намера да им ги врати парите на бизнисмените

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска стартуваше судскиот процес за случајот „Меѓународен сојуз“, а Вилма Рускоска, обвинителката за организиран криминал и корупција, пред Основниот кривичен суд во воведен збор рече дека има несоборливи докази дека обвинетиот Бојан Јовановски преку оваа организација изнудил милион евра од бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски.

Според Рускоска, Боки 13 со помош на уште тројцата обвинети - Фросина Ременски, Јасна Мандиќ и татко му Миле Јовановски тие пари успеал да ги испере, откако на сопствениците на „Пелистер“ и „Дрим Билдинг“ лажно им прикажал факти дека ќе гради европски центар за згрижување на возрасни лица. Никој од обвинетите не призна вина, сите се изјаснија дека не се виновни.

„Второобвинетата Ерцеговиќ (Јасна Мандиќ) , откако првообвинетиот ќе ѝ дадел готовински средства, иако немала никакво легално покритие, ги уплаќала во вид на донација или по основ на позајмица на правните лица поврзани со Јовановски“, рече Рускоска и додаде дека Јовановски откако со измама ги зел парите потоа немал намера да ги врати, иако не постоел никаков проект.

Според Рускоска, Миле Јовановски со позајмица од 226.550 евра префрлил на ‘БМЈ груп’, а човекот од 1991 година е невработен. додека Мандиќ на ‘БМЈ груп’ и на 1ТВ, пак, префрлила 240.000 евра без никакво покритие. Ременски тука служела со својот авторитет да бидат полесно убедени бизнисмените и да стекнат доверба.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање