02 Мај, 2024
0.0267

Договорите за брзи кредити со гарантори се лихварски и се ништовни: Потврди Министерството за финансии

Објавено во: Економија 21 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Се стега обрачот околу финансиските друштва кои незаконски ги „дереа“ граѓаните за издадените брзи кредити. Министерството за финансии во мај и во јуни извршило надзор врз работењето на друштвата. Сознанијата на контролорите ги докажаа пишувањата на Фактор, со кои тврдевме дека некои друштва наплатуваат повеќе од законскиот максимум, други им бараат на граѓаните да обезбедуваат гарантори, а кога нема да ги обезбедат им наплаќаат огромни провизии, кои не ги вклучуваат во стапката на вкупни трошоци, со што ги манипулираат клиентите. 

Од финансии велат дека на ваков начин друштвата работат на штата на клиентите и граѓаните и некои од договорите на друштвата имаат карактер на лихварски договори, кои пак се ништовни. Фактор дојде до наодот од Министерството за финансии, но оттаму нема повратна информација дали казниле некое друштво. Министерството само дава укажувања согласно кои, на финансиските друштва кои  ќе наплатуваат трошоци повисоки од 30 отсто од износот на одобрениот кредит ќе им изрече глоба во висина од 3.000 евра, исто како што е определено во уредбата и сега, само што некои друштва не ја почитуваа.

„Доколку финансиското друштво бара гаранција или друг вид на обезбедување на потрошувачкиот кредит, истите треба да бидат услов за одобрување на кредитот, а трошоците поврзани со обезбедувањето на кредитот треба да влзеат во пресметката на годишната стапка на вкупни ттрошоци. При тоа годишната стапка на вкупни трошоци не смее да го надмине петкратниот износ на законската казнена камата, сугерира Министерството за финансии.

На финансиските друштва кои во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци не ги вклучуваат трошоците поврзани со гаранцијата или друг вид обезбедување исто така им следува казна од 3.000 евра. Казната за одговорното лице на финансиското друштво е глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба на финансиското друштво.

ШТО УТВРДИ КОНТРОЛАТА

Од Министерството за финансии впрочем ги потврдија пишувањата на Фактор и сознанијата до кои стасавме ние при последното истражување.

Имено надзорот утврдил дека некои финансиски друштва како обезбедување на кредитот во договорите за кредит предвидуваат одредба за гаранција. Гаранцијата не е услов за одобрување на кредитотот, но доколку не се достави во определен рок од потпишувањето на договорот за кредит, пресметуваат еднократна парична казна за неисполнета непарична договорна обврска.

„На овој начин смислено, на штета на корисниците на потрошувачките кредити се избегнува примената на одредбите од Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити и неколку други законски одредби. Со ваквата одредба договорите за потршувачки кредит добиваат  карактер на лихварски договори кои согласно член 129 од Законот за облигациони односи се ништовни, стои во дописот од Министерството.

Согласно мислењето за ништовност на договорите, се отвара можност за оштетените граѓани, корисници на ваквите кредити, да поведат постапки, пред надлежните институции, за обештетување и поништување на ваквите договори

Во април Владата донесе Уредба со законска сила со која им се наложи на финансиските друштва вкупната стапка на вкупни трошоци да не надминува 30 отсто од износот на одобрениот кредит. На 5 мај овааа одлука со нова Уредба се продолжи за уште 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба. Истовремено имаше одлука до 30 јуни граѓаните да плаќаат до 30 отсто од ратата, а друштвата и да не пресметуваат дополнителни трошоци.

КАКО НАЈДОА НАЧИН ДА ГО ИЗИГРААТ ЗАКОНОТ

Фактор веќе пишуваше дека врз основа на ново истражување дојдовме до сознанија дека некои друштва во договорите ставиле член кој бара од кредитобарателот по потпишувањето на договорот, да најде лице гарант и тоа во рок од само три дена. Гарантот треба да исполни практично некои невозможни услови, во однос на месечните примања. Ако не се најде за утврдениот рок, на друштвото од кое се земаат парите треба да му плати дополнителен фиксен износ. По тоа се менува амортизациониот план за исплата на кредитот, со што заедно со претходните,  кредитобарателот има трошоци од околу 130 отсто.

Вакви договори нудат Креди (Кreddy), Форца (Forza), Мкеш (Mcash), Кредисимо (Creddissimo).

Фактор ги има договорите за кредити со друштвата кои го прават ова.

Дали сега клиентите ќе бидат обесштетени, останува да се види. Фактор ќе обезбеди информација и од Организацијата за заштита на потрошувачи од каде исто така реагираа за овие гаранции. Дали граѓаните ќе добијат и правна заштита, бесплатна помош - институциите се на потег.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?