02 Мај, 2024
0.0278

ПАНДЕМИЈАТА ИМ ОТВОРИ РАБОТА: Во Штип сошиени илјадници заштитни маски за извоз

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во градот под Исарот, сошиени се илјадници заштитни маски за извоз откако почна пандемијата на коронавирусот.

Месец дена имаше голема побарувачка за заштитни маски.  Тие завршиле во Германија, Холандија и Белгија, а сега обемот на работа од овој тип е намален и само неколку компании шијат маски.

Маријана Перковска, претседателка на Кластер за текстил вели дека побарувачката сега се намали, односно се стабилизира на едно ниво. Но, според неа последиците од пандемијата допрва ќе се чувствуваат.

„Ќе видиме од септември како ќе се одвива состојбата. Во моментов има компании кои имаат доволно нарачки, но има и такви чии капацитети се неискористени“, рече Перковска.

Но, според бројот на заболени, големи се шансите не само оваа, туку и во 2021 година да носиме маски. Тие ќе бидат неопходни во новата нормалност која ја донесе пандемијата. Бројот на сошиени маски варира од конфекција до конфекција во Штип.

„Шиевме маски за извоз, за Белгија конкретно и имаме испорачано околу 20.000 парчиња, но тоа е ништо во однос на она што поголемите конфекции го сработеа“, велат од конфекција во Штип.

Од друга конфекција додаваат дека изработиле 100.000 парчиња, за германскиот и белгискиот пазар. Дали ќе има нови нарачи од странство засега не знаат.

„Маските и понатаму ќе ни требаат, состојбата не може да се предвиди. Засега од странските партнери нема нови нарачки, а како ќе биде понатаму не знаеме“, наведуваат оттаму.

Носењето маска е задолжително во Македонија, но и во регионот и пошироко со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Последниве денови се зголеми бројот на заразени во Штип и Свети Николе.

Во земјава бројот на потврдени случај на Ковид -19 надмина 9.000, а починаа повеќе од 420 луѓе. Во државата направени се над 85.000 тестови. Глобално, над 14.6 милиони луѓе се инфицирале со опасниот вирус.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање