Добивај вести на Viber
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев издвои 15 важни датуми од промоцијата на македонскиот јазик.
Тоа го сподели на својот личен профил на фејсбук.
„15 важни датуми од современата промоција и верификација на македонскиот јазик
01. 1 август 2017 година - На македонски јазик и на бугарски јазик е потпишан Договорот за добрососедство, соработка и пријателство меѓу Република Македонија и Република Бугрија.
02. 17 јуни 2018 година - Македонскиот јазик е потврден и признаен и од Република Грција, во рамки на Договорот од Преспа потпишан меѓу двете држави.
07. 27 март 2020 година - Република Северна Македонија стана 30 земја-членка на НАТО со македонскиот јазик како единствен службен јазик за меѓународна употреба
08. 5 мај 2021 - Владата ја промовираше дигиталната платформа
makedonski.gov.mk на која е поставен вкупниот фонд од преку 100.000 зборови од „Толковниот речник на македонскиот јазик“.
09. 19 декември 2021 година - Со серија активности во текот на целата година беше одбележана 100-годишнината од раѓањето на големиот македонист Блаже Конески
10. 18 јули 2022 година - Македонскиот јазик добива дополнителна верификација од страна на Советот на Европската Унија, со усвојувањето на преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во ЕУ - во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија.
11. 19 март 2023 година - Македонскиот јазик доби потврда во Грција, откако судот во Лерин одлучи дека Центарот за македонски јазик во овој град е законски регистрирана невладина организација. Основниот суд во Лерин ги одби сите тужби за укинување на овој центар, кој официјално беше регистриран во ноември 2022 година.
12. 1 август 2023 година - Републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Подоцна резолуцијата беше усвоена во државите Мичиген и Илиноис.
13. 5 декември 2023 година - Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.
14. Свечено отвoрање на лекторат по македонски јазик, литература и култура (на ниво на бесплатен курс) во Тирана
15. 26 јануари 2024 година - Собранието ги усвои измените на Законот за употреба на македонскиот јазик кој содржи многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми што се во функција на зајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба“, пишува Заев на фејсбук.