02 Мај, 2024
0.0256

Кои се најпрофитабилните хотели на охридската ривиера?

Објавено во: Економија 21 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Хотели Метрополсо своите три хотели останува хотелска компанија на охридската ривиера неприкосновена од аспект на остварен приход и профит. Во големата петорка според профитот се уште хотелите : „Филип“, „Гранит“ „Чинго“ и “Тино“. Големите охридски хотелиерски компании „Охрид Турист“ и „Инекс Горица“ и лани завршија со загуби од работењето.

„Хотели „Метропол“ и лани е број еден хотелиерска компанија на охридската ривиера од аспект на остварени приходи и реализирана добивка. Компанијата што псоедува три хотели на охридската ривиера: „Метропол“, „Белви“ и „Турист“ лани остварила приходи во износ од 3,5 милиони евра што е за 7 отсто подобар резулатат од претходната година. Добивката на „Метропол“ лани изнесува 614.000 евра и е за 14 отсто повисока од претходната година. Воедно е убедливо најголем профит во однос на сите други хотели кои имаат солидни резултати од работењето. Компанијата „Хотели Метропол“ е сопственост на групата „Фершпед“ и е единствена охридска хотелиерска компанија чија акција е тргувана на Македонската берза за хартии од вредност.

Втора хотелска компанија според остварениот профит лани е „Филип Хотел“ хотелиерска компанија сопственост на Климе Василевски. Ова друштво лани остварило вкупен приход од хотелиерско-угостителни услуги во износ од 2,5 милиони евра што е пад за 8 отсто во споредба со претходната година. Пад бележи и добивката на компанијата и тој изнесува 15 отсто во однос на 2018 година. Добивката на „Хотел Филип“ е 225.000 евра.

Според оставрените приходи трет најуспешен на орхидската ривиера е Хотел Гранит сопственост на најголемата македонска градежна компанија „Гранит“. Ова хотелско друштво лани остварило приход од 1,2 милиони евра што е раст за 2 отсто во однос на претходната година. Добивката на „Гранит“ лани е 110.000 евра и е за 26 отсто пониска од 2018 година.

Хотел „Чинго“ лани е најуспешна орхидска хотелска компанија од најпрофитабилните пет хотели според критериумот учество на профит во вкупниот приход. Имено, ова друштво лани остварило приход од 620.000 евра што е за 15 отсто подобар резултат од 2018 година. На тој раст на приходот следи несразмерен раст на профитот. Оваа компанија лани имала топ деловна година која ја завршила со добивка од 111.000 евра,а профитот лано во однос на 2018 година пораснал за 90 отсто. Профитната маргина на Хотел „Чинго“ лани изнесува 18 отсто и е убедливо највисока во споредба со другите хотели. Сопственик на Хотел „Чинго„ е Томе Чинговски.

Во групата на големи според остварениот приход лани е и хотелската компанија „Тино Јуниор“ сопственик на охридскиот хотел „Тино“. Ова друштво лани остварило приход од 1 милиони евра што е за 6 отсто подобар резултат од 2018 година. Добивката на Хотел „Тино“ лани е 78.000 евра и е за 4 отсто подобар резултат од 2018 година.

Најубавата охридска тераса по која е препознатлив еден од најреномираните охридски хотели Инекс Горица во таа година завршил со приход од 952.000 евра и загуба од работењето во износ од 93.000 евра. Во слична ситуација во 2018 година била и познатата охридска туристичка компанија Охрид Турист која ги поседува хотелите Десарет и Орце Николов, авто кампот Љубаништа, ресторанот Острово кај Свети Наум и Летница во центарот на градот. Оваа компанија годината ја завршила со приход од 812.000 евра и загуба од околу170.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?