19 Мај, 2024
0.3417

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека Русија ќе одржи воена вежба која ќе опфати вежбање на употреба на тактичко нуклеарно оружје, по провокативните закани од западните претставници.

Вежбата, додава Министерството, ја наредил претседателот Владимир Путин, а со неа ќе се тестира подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување на борбени мисии.

Воените маневри, исто така, вклучуваат подготовка и распоредување за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје, според Министерството.

Во вежбата учествуваат ракетни формации на Јужниот воен округ и силите на морнарицата.

Русија го има најголемиот арсенал на нуклеарно оружје.

„За време на вежбата ќе се спроведат голем број мерки со цел да се практикува подготовката и употребата на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти Министерството.

„Целта на вежбата е да се обезбеди територијален интегритет и суверенитет на Русија како одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни претставници против Руската Федерација“, се додава во соопштението.

Руската инвазија на Украина го предизвика најтешкото влошување на односите меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Русија ја гледа таа војна како битка со Западот, кој, тврди Путин, ги игнорирал обидите на Москва да создаде пријателски односи по распадот на СССР во 1991 година. Наместо тоа, тврди Путин, целта на Западот била да ја преземе контролата врз Украина и истовремено да го прошири НАТО кон исток.

Западот и Украина тврдат дека нема да застанат додека руските сили не бидат поразени и војната не ја гледаат како империјалистичко навлегување на туѓа територија со цел да ја вратат Украина во руската сфера на влијание.

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално