02 Мај, 2024
0.3517

Заев изнесе четири причини зошто гласаа 260 илјади помалку

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, актуелниот претседател на СДСМ, додека е на одмор излезе во јавноста по одржаните парламентарни избори и седницата на Државната изборна комисија на која беа одбиени сите приговори, при што во интервју за А1он издвои четири причини зошто овој пат излегоа 264.000 граѓани помалку на гласање во однос на 2016.

Според лидерот на партијата чија коалиција освои најмногу гласови на 15 јули, пасивноста на граѓаните се должи на епидемијата. самиот летен период, црната кампања на опозицијата, како и поради тоа што овој пат „не се рушела власт како раа на режимот на Никола Груевски“.

– Овие избори беа специфични од повеќе аспекти. Тие се одвиваа во услови на светска пандемија Ковид-19, која, за жал, не ја одмина ниту нашата земја. Изборниот процес беше 100 процентно безбеден од здравствен аспект, граѓаните беа целосно заштитени и нивното здравје во ниту еден момент не беше загрозено. Сепак, за мал дел од граѓаните стравот од заразата влијаеше да не излезат на гласање.

Друга посеризона причина е изборниот термин, сред лето. Дел од граѓаните веќе ги имаа напуштено своите места на живеење и заминаа на одмор низ државата. Оттука беше и нашето инсистирање изборите да се одржат порано. Дополнително, црната пропаганда што ја водеше ВМРО-ДПМНЕ сигурно демотивираше дел од граѓаните да излезат на избори.

Но, конечно, клучната разлика со изборите во 2016 година е што тогаш граѓаните излегоа масовно да ја сменат власта, да турнат режим, а од другата страна беше Груевски кој се уште вршеше силен притисок и принуда кај голем дел од граѓаните. На овие избори не се менуваше власт, на овие избори се потврдуваше патот по кој одиме, одговори Заев на едно од прашањата во интервјуто за А1он.

Тој додава дека на овие избори го слушнал тивкиот глас на многумина од оние кои не излегоа да гласаат, а бараат правда и дека ќе направел се тие граѓани да имаат посилна причина да излезат и да гласаат на следните избори.

Официјалните резултати што во 2016 година ги соопшти Државната изборна комисија кажуваат дека тогаш гласале вкупно 1,19 милиони граѓани или прецизно 1.191.852 граѓани го оствариле своето право на глас. Додека, пак, на овие избори на гласање решиле да отидат 927.640 граѓани.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање