20 Мај, 2024
0.0354

Сексуалното вознемирување преку интернет да биде кривично дело за заштита на жртвите од Јавна соба

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Сведоштвото на младата девојка Ана за траумите кои и се случија по споделување на нејзина слика од Инстаграм во групата „Јавна соба“ на Telegram, но и неажурноста на институциите кои не преземале ништо за да го решат нејзиниот случај покажува дека се неопходни итни измени во Кривичниот закон. 

Фактор направи анализа на одредбите поврзани со сексуално вознемирување за жртвите да можат да искористат правен основ за покренување на постапки, но и Jавното обвинителство да покрене предмети по службена должност.

Во член 144 од КЗ е дефинирано кривичното дело Загрозување на сигурноста, но и по овој член жртвите мора да поднесат приватна тужба. Делото е дефинирано во следниот став.

„Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот или тело или животот или телото на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци“, се вели во овој став од законот.

Во Кривичниот законик не постои конкретна одредба која ги регулира делата поврзани со злоупотреби на интернет со цел сексуално вознемирување на жртвите, закани и уцени со објавата на содржините или изнудување на материјални и многу често сексуални услуги од жртвите за тие да продолжат да молчат. 

Од Платформата за родова еднаквост во изјава за Фактор изразуваат огромно разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со случајот „Јавна соба“ и бараат од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот, кој претставува кривично делово кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство.

„Сметаме дека е скандалозен и недозволив односот на Јавното обвинителство, од кое се очекува да го процесуира случајот во насока на докажување на вина и санкционирање на креаторите и учесниците во еден ваков сериозен облик на сексуално вознемирување на девојки, од кои голем дел се и малолетни. Потсетуваме дека оној кој ќе објави приватни видеа на интернет со порнографска содржина, може да одговара за кривичното дело ‚Злоупотреба на лични податоци' од член 149 од Кривичниот законик, за кој е предвидена парична казна или казна затвор до една година. Доколку на видеата има прикажано малолетник, сторителот кој ја произвел детската порнографија со цел нејзина диструбуција, или ја пренел или ја нудел преку компјутерски систем ќе одговара за ‚Производство и диструбуција на детска порнографијa' од член 193 од Кривичниот законик за кој е превидена казна затвор од најмалку осум години. Ние како претставници на граѓанскиот сектор ќе инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот закониквелат од Платформата за родова еднаквост.

Фактор ги пренесува и членовите од Кривичниот закон кои покажуваат дека институциите имаат доволно правни основи да поведат итни постапки против сексуалните предатори и манијаци, кои со години ги злоупотребуваат сликите или видеата на жртвите.

Еден од законските членови се однесува на недозволено снимање. 

„Тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, се вели во законот.

За силување, пак, исто така се предвидени законски одредби. 

„Тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако поради делото настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години. Тој што друг ќе присили на обљуба со сериозна закана дска за него или за нему блиско лице ќе открие нешто што би му наштетило на неговата 72 чест и углед или дека ќе предизвика друго тешко зло, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Тој што во случаите од ставовите 1, 2 и 3 ќе изврши само друго полово дејствие, ќе се казни за делото од став 1 со затвор од шест месеци до пет години, за делото од став 2 со затвор од една до десет години, а за делото од став 3 со затвор од три мессци до три години“, стои во еден од законските членови.

Предвиден е и законски член за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.

„Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години, ќе се казни со затвор од најмалку осум години. Ако делото го изврши крвен сродник во права линија или брат, односно сестра наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друто лице со злоупотреба на својата положба или при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години. Ако поради делата настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години“, е наведено во една од законските одредби.

Исто, така, предвидени се и санкции за делото уцена.

„Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе му се закани на друг дека за него или за нему блиско лице ќе открие нешто што би можело да и наштети на неговата или нивната чест или на неговиот или нивниот углед и со тоа го присили да стори или да не стори нешто на штета на својот или на туѓ имот, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години“, се вели во законот.

Од Платформата за родова еднаквост сметаат дека овие групи се охрабрени од молкот на институциите.

„Молкот на институциите очигледно дополнително го охрабрува фунцкионирањето и одржувањето на вакви групи во дигиталниот простор, а девојките и понатаму се соочуваат со опасност по личната безбедност и нарушено достоинство и здравје. Во групата вознемирувачите заемно се поттикнуваат, здружуваат за дополнително да ги омаловажуваат девојките. Исто така, се зголемува и ризикот од уште посериозни форми на насилство, а се обесхрабруваат сегашните и идни жртви да пријавуваат и да зборуваат за насилството кое го претрпеле“, заклучуваат од Платформата за родова еднаквост.

Доколку учесниците во групата „Јавна соба“ не бидат соодветно казнети преку кривични постапки, тоа може да остави простор за формирање на нови групи на различни социјални мрежи и заштитени мобилни апликации, а истовремено ќе биде дополнителен удар врз жртвите кои гледаат беспомошно на тоа што им се случува.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје