ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција
Објавено во: Македонија 20 Мај, 2024
Љупчо Палевски – Палчо неколку дена веќе е во притвор во затворот Шутка. Тој по екстадицијата во затворот со него си донел и куфер.
Директорот на затворот Филип Андов во интервју за Телма, открива што имало во истиот.
„Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, дека имаше телевизор плазма, од Турција му бил, за притвор но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волт, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој“, вели Филип Андов.
Во куферот имало и банкноти во евра и турски лири.
„Да не навлагаме, имаше банкноти во евра и турски лири, сега да не навлегуваме во детали“
Имаше ли некако документи со него?
„Имаше да, направен е записник“, вели директорот кој посочи дека тоа е стандардна процедура за секој притвореник.
Во разговорот уште открива дека Обивнителството побарало дел од багажот на Палевски да изврши увид, но во моментов е нејасно дали таму има и материјални докази.
Покрај Палевски, за грабнувањето и убиствата осомничени се уште 4 лица меѓу кои и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој од неодамна е во домашен притвор откако Врховниот суд му го замени затворскиот притвор. Тој е осомничен дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка.
Телата на двете жртви беа најдени на 3 декември откако дел од осомничените ги открија локациите каде се закопани. Покрај Палевски, за случајот осомничени се уште 4 лица, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој се гони за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. Стефан Димковски, кој го возеше Палевски до Турција е осомничен за помагање по извршеното кривично дело. Палевски беше уапсен на 5 декември во Баликесир откако беше распишана меѓународна потерница.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.