25 Јуни, 2024
0.0297

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

Објавено во: Македонија, Балкан 19 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на СИРИЗА, Стефанос Каселакис му порача на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека ако Договорот од Преспа е предавнички, да го поништи. 

„Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа, бидејќи Договорот е она што го посакувавте како партија“, вели лидерот на СИРИЗА. 

Воедно му посочи дека им должи извинување на народот, на екс премиерот Алексис Ципрас и на поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на предизборниот митинг во Солун во пресрет на европските избори на 9 јуни, Каселакис говореше за сите актуелни теми во Грција, но и за прашањата во грчката надворешна политика, осврнувајќи се и на Договорот од Преспа.

Испраќам јасна и едноставна порака до премиерот. Договорот од Преспа е билатерален. Ако продолжувате да сметате дека е предавнички, постои само еден начин. Да го сторите она што го кажуваа вашите претставници, а многумина од нив сè уште го кажуваат: „Ако ВМРО ни даде шанса, ќе го поништиме договорот“. Ова го кажуваа. Истото го посакуваат и т.н. „борци за Македонија“ што ги вадевте на улица и се ваши гласачи: Да го поништите. Па, еве го Скопје, отидете. Да видиме. Но, нема да го сторите тоа. И знаете зошто нема да го сторите тоа? Бидејќи Договорот од Преспа е тоа што го сакавте како партија, но тогаш Груевски во никој случај не прифаќаше да направи толку отстапки, како што направија пред Владата на СИРИЗА, пред Алексис Ципрас и Никос Коѕијас“, изјави Каселакис.

Додаде дека ако актуелниот грчки премиер има намера да го почитува Договорот од Преспа „како национално корисен“, постојат два морални предуслови, да му се извини на грчкиот народ, но и на поранешниот премиер Ципрас и поранешниот шеф на дипломатијата Коѕијас.

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова на инаугурацијата ја испушти придавката „Северна“, по што од Грција имаше реакции дека ако нашава земја не го почитува Договорот од Преспа ќе следи вето. Договорот од Преспа е потпишан на 17 јуни 2018 година во Нивици и со него е надминат спорот за името меѓу двете земји. 

Можеби ќе ве интересира

„И ПОКРАЈ КАТАКЛИЗМАТА ОД ЕПСКИ РАЗМЕРИ ШТО СЕ СЛУЧИ НА НАШИОТ СДСМ, НЕКОИ КОИ ГЛУМЕА МАЛИ БОГОВИ ПРОДОЛЖУВААТ ДА СЕ СМЕАТ, КАКО НЕКОЈ ДРУГ ДА Е КРИВ А НЕ ТИЕ“: Костовски распали за сопартијците

„И ПОКРАЈ КАТАКЛИЗМАТА ОД ЕПСКИ РАЗМЕРИ ШТО СЕ СЛУЧИ НА НАШИОТ СДСМ, НЕКОИ КОИ ГЛУМЕА МАЛИ БОГОВИ ПРОДОЛЖУВААТ ДА СЕ СМЕАТ, КАКО НЕКОЈ ДРУГ ДА Е КРИВ А НЕ ТИЕ“: Костовски распали за сопартијците

ДЕСТИНАЦИИ СО ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Ова се места кои е добро да ги посетите наесен

ДЕСТИНАЦИИ СО ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Ова се места кои е добро да ги посетите наесен

ГРУБИ СЕ ПРОСТИ ОД ФУНКЦИЈАТА И СЕ ПОФАЛИ ШТО СЕ НАПРАВИЛЕ ЗА АЛБАНЦИТЕ: Ќе бидам покрај Али Ахмети!

ГРУБИ СЕ ПРОСТИ ОД ФУНКЦИЈАТА И СЕ ПОФАЛИ ШТО СЕ НАПРАВИЛЕ ЗА АЛБАНЦИТЕ: Ќе бидам покрај Али Ахмети!

„ЈАС ПРВО БИ ГО ПРЕЗЕЛА МИНИСТЕРСТВОТО ИЛИ ОНА МАЛКУ ШТО ОСТАНА ОД НЕГО ПО САМОВЛАДЕЕЊЕТО НА БУЈАР ОСМАНИ“: Најчевска со критики за Муцунски

„ЈАС ПРВО БИ ГО ПРЕЗЕЛА МИНИСТЕРСТВОТО ИЛИ ОНА МАЛКУ ШТО ОСТАНА ОД НЕГО ПО САМОВЛАДЕЕЊЕТО НА БУЈАР ОСМАНИ“: Најчевска со критики за Муцунски

„АКО НАВИСТИНА САКААТ ДА ЈА ВИДАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, ИМА МОЖНОСТ ЗА ТОА, НО ТРЕБА ДА СЕ ИСКРЕНИ“: Мицкоски вели ќе требаат гаранции од Бугарија дека нема да имаат други услови

„АКО НАВИСТИНА САКААТ ДА ЈА ВИДАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, ИМА МОЖНОСТ ЗА ТОА, НО ТРЕБА ДА СЕ ИСКРЕНИ“: Мицкоски вели ќе требаат гаранции од Бугарија дека нема да имаат други услови

ЦУК: Пронајдена е повредената девојка која паднала во дол во близина на Струмица

ЦУК: Пронајдена е повредената девојка која паднала во дол во близина на Струмица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата почнува со работа, Мицкоски најави повисоки пензии

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата почнува со работа, Мицкоски најави повисоки пензии

МИЦКОСКИ: Ќе биде лицемерно ако одам во Вашингтон и пред мене е плочката со придавката и јас да кажам не го користам

МИЦКОСКИ: Ќе биде лицемерно ако одам во Вашингтон и пред мене е плочката со придавката и јас да кажам не го користам

СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ: Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ: Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе