03 Декември, 2024
0.0322

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Мајк В. Поп Гинов кој живее во Шведска, е лицето за кое пред два дена беше објавено до МВР дека е уапсен за загрозување на сигурноста на претседателката на Уставен суд,Добрила Кацарска. 

Тој за Скопје1 посочува дека сѐ се случувало во трговскиот центар „Рамстор“, каде случајно влегол откако бил на самитот „Македонија 2025“.

- Во 15 часот во ПС Центар, Добрила Кацарска од Скопје, пријавила дека во 12.35 часот, со нејзина колешка седеле во кафе бар Кулу во ТЦ Рамстор, при што во локалот влегло НН машко лице на возраст од 50 години, кое се потпрело со коленото на делот од сепарето, и ѝ се обратило со зборовите „Ти ќе одговараш, страшно ќе одговараш ти“. Се работи за В.П.Г. од Богданци, кој е задржан во ПС Центар, гласеше официјалната верзија од инцидентот од пред два дена.

Ова е вторпат за неколку дена Кацарска да добива закани. Во подземна гаража на зграда во Центар на 14 мај беа пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд.

„Влегов во Рамстор каде што ме чекаа две блиски пријателки. Кога се приближив до нивното сепаре пред да седнам, приметив дека возрасна жена во соседното сепаре упорно зјапа во мене. Ја препознав ,тоа беше претседателот на уставниот суд Кацарска ,според мене една од нај корумпираните и лојални судии на квислингот Заев и ДУИ заради која големи Македонски синови се осудени на долгогодишни робии. Мојата пријателка Наде Дуклеска дури го одбрани магистерскиот труд по право на тема 27ми април елаборирајќи како е нарушено човечкото право на македонските уставобраниели. Најмалку што можев беше да и кажам: “ЌЕ ОДГОВАРАТЕ” по што си седнав во сепарето. Дотичната го викна личното обезбедување кои ми ги покажа беџовите на МВР со образложение дека ќе мора да ме идентификуваат“, вели уапсениот за „Скопје1“.

Мајк В. Поп Гинов смета дека Кацарска повикала помош поради тоа што неколку дена претходно добила закана со оставен нож во нејзиното гаражно место.

„Во полициската станица бев задржан неколку часа, а еден од инспекторите помеѓу другото ме праша дали знам дека таа е трет човек во државата ,на што му одговорив дека секој треба да одговара пред законот подеднакво и никој не смее да злоупотребува државна позиција, напротив, одговорноста на државните функционери треба да биде поголема бидејќи се платени од граѓаните и треба да работат во интересот на Македонските граѓани. После некое време бев пуштен со напомена дека ќе бидам кривично гонет според член 144 став 4 . Ова го пишувам заради сите мои блиски пријатели кои беа загрижени заради лажните пишувања на многу соросоидни портали во кои се спомнува дека сум бил насилник, физички сум ја нападнал дотичната ,сум викал итн. Ги повикувам сите тие портали јавно да се извинат во спротивно утре поднесувам тужба!“, додава тој.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Ултиматуми не прифаќаме

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Ултиматуми не прифаќаме

ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме

ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

ПОРАЧУВА ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД ВАШИТЕ ЦЕЛИ: Пред две години му беа ампутирани нозете, виничанец сепак истрача маратон во Базел

ПОРАЧУВА ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД ВАШИТЕ ЦЕЛИ: Пред две години му беа ампутирани нозете, виничанец сепак истрача маратон во Базел