20 Мај, 2024
0.0284

Нова спирала на пропагандна војна околу Македонија

Објавено во: Македонија, Колумни 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Руските и западните интереси одново се фаќаат во костец околу Македонија. Ако во изминатиов период Западот делуваше со директно влијание врз активните политички играчи во Македонија, за надминување на долготрајната политичка криза, а Русите со соопштенија, сега по се’ се чини ќе почне нова спирала во пропагандната војна. И тоа од двете страни. Се чини дека намерите на Македонија да влезе во НАТО што побрзо, па дури и со референцата, ќе бидат „поткрепени“ и од Западот и од Русија, но со обратен предзнак.

Деновиве се појави еден текст-истражувањеод неколку учесници во него за руски и српски обиди за мешање во внатрешните работи на Македонија. За мене појавувањето на ова истражување не е случајно. А и нема ништо ново во него, освен документи од Управата за безбедност и контраразузнавање и МНР. Тоа пак отвора други теми. На пример за протекување на доверливи документи и пасивноста на државата во поглед на „силна субверзивна пропаганда и разузнавачки активности спроведувани преку амбасадата на Руската федерација.“ Дотолку повеќе што, според авторите на тој извештај „Почетокот на руските активности коинцидираат со уназадувањето на македонските напори за приклучување кон НАТО во 2008 година...“

За тоа дека Скопје е Казабланка од времето на Втората светска војна на страниците на Фактор е пишувано многу одамна. Дека се води разузнавачка активност не е ништо ново. Таа е дел од работата на луѓе со дипломатско покритие, акредитирани новинари, но и домашни поединци.

Содржината на истражувањето во најголем дел и е позната на македонската јавност од порано. Но споменувањето „транша“ или „колекција“ документи зборува дека ова истражување е пишувано набрзина, а дека допрва треба да се очекува нова „порција“ истражувачка содржина. И треба да се биде повнимателен кон изворните документи за да нема „непрецизности“, како оние за гасот. Македонија не е играч на тој дел од теренот. Тоа не и беше јасно ни на досегашната власт, ниту на нејзините поддржувачи кои го обвинуваа Западот дека се противи на идејата - една ветка од „Турски тек“ да минува низ Македонија, а потоа низ Србија итн...Повеќе од сигурен сум дека „Турски тек“ ќе минува низ Бугарија! Или пак тврдењето дека „во македонската политика рускиот пристап е целосно партиски“. Не е точно. Односот на Русија кон Македонија е целосно прагматичен и воден од руските интереси, независно за која владеачка гарнитура да се работи.  А тоа, во моментов, е Македонија да стане дел од некаква воено неутрална зона или сојуз со Србија, и БиХ. Русите сметаа дека влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе ја спроведе таа идеја и затоа ја поддржуваа таа коалиција. Но домашниот есап и оној на пазар не се исти.

Токму со есапот Русија доживува и ќе доживенови политички порази на Балканот. Не еднаш сум кажал дека Руската Федерација го загуби Балканот политички многу одамна. Уште од времето на Борис Елцин. Речиси две децении Русите не беа против влегување на Балканот во ЕУ и НАТО, иако отворено кажуваа дека тоа не им е по волја. Една по друга балканските држави влегуваа во НАТО и ЕУ. Добра му беше идејата на Владимир Путин за јакнење на економските и културните врски на Балканот. И тоа денес го прави Русија прекрасно со Словенија. Лани Путин таму беше дочекан како „бог“. А Словенија е членка и на НАТО и на ЕУ. Хрватскиот министер за надворешни работи, Давор Иво Штиер, пред некоја недела беше кај неговиот руски колега Сергеј Лавров, тема на разговор, пред се економската соработка. Црна Гора од пред некој ден е исто така во НАТО. Русија се лути, а нема зошто. Применува двојни стандарди, ако се види односот кон Словенија. Дури се заканува со економски мерки. Наместо да ја поддржува малата Црна Гора во нејзината намера и да има иден пријател во НАТО или ЕУ, Русија прави се обратно. А што ќе прави кога и Србија ќе влезе во НАТО?

Ова што се случува со Црна Гора во наредниот период ќе се случува и со Македонија. За такво нешто мора да бидеме подготвени. Русија и покрај очигледните факти, над 70 проценти од населението во Македонија е за евроатлантски интеграции, ќе направи се да ни го загорчи тој пат. Нема да се откаже од пропагандата, дали директно преку руските медиуми или српските и наши домашни, таа ќе продолжи со нејзината приказна.А во неа ќе доминира она на кое сме најранливи, меѓуетничките односи. Па ќе се труби за „тиранската платформа“, за „Албанецот“ Зоран Заев, за неговото „предавство“ на Македонија на Албанците и слично. Ќе читаме наслови од типот „Голема Албанија ќе почне со смртта на малата Македонија“. Можеби ќе влијае и врз Грција да биде непопустлива. И се така до влегувањето во НАТО, а потоа може да не снајде и судбината сегашна на Црна Гора. Ако дотогаш Русија не ја промени својата политика кон нас.

Не знам точно, но мислам дека Русија се уште не му ја честитала на Заев премиерската функција или пак, ако не сака нему, на македонските граѓани новата влада. Но затоа жестоко реагираше на погоре споменатото истражување.

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје