МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2024
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека се случило тоа што тој го најавил, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има над 55 пратеници.
Вели дека граѓаните јасно и гласно зборувале зад параваните. Рече дека политичкиот противник Димитар Ковачевски се јавил да му честита. Очекува до 28 мај да се конституира Парламентот, а до тој рок очекува да консолидира 61 пратеник.
„Демографијата ќе биде голем предизвик, фертилитетот ќе биде голем придонес. Едноставно е, ако се намалува бројот на население, тоа ќе значи помалку пари во буџетот“, вели Мицкоски.
Рече дека од ова раководство на ДУИ не очекува промени.
„Не смееме да ги повторуваме грешките кои ги правеше оваа влада“, вели Мицкоски.
Според него, власта мора да има разбирања и за барањата на опозицијата.