06 Мај, 2024
0.0255

ФОКУС НА ДЕНОТ: Докторка заразена од корона, a најмалку двесте луѓе во изолација

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ДОКТОРКА ЗАРАЗЕНА СО КОРОНАВИРУС ОДЕЛА НА РАБОТА

Дали директорката на Клиниката за кожни болести, д-р Нина Цаца Биљановска, треба да одговара и кривично, е прашањето што се поставува во јавноста, откако за неа е потврдено дека има коронавирус и со тоа е четвртиот случај заразен во земјава.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својата последна прес конференција изјави дека е разочаран, и дека таа се однесувала неодоговорно, бидејќи била во ризично подррачје, во Италија и не ги следела протоколите. 

По враќање од Италија не била дома во изолација, туку одела на работа пет дена.

Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека по сместување на докторката заразена со коронавирус на Клиниката за инфективни болести, уште двајца членови од нејзиното семејство се во домашна изолација. 

64 вработени и 11 пациенти кои биле хоспитализирани, и 13 кои биле во дневна болница ќе бидат интервјуирани. 

Во текот на викендот имало и конференција каде имало 103 лица, сите се контактирани, телефонски и дел од нив направиле интервју. И за нив има домашна изолација. 

Меѓу нив имало и тројца луѓе од Грција, за што се известени властите кај јужниот соеед, соопшти Филипче. 

ЗАЕВ ЈА КОНГРЕС ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на конгресот на партијата изјави дека ги намалиле казните, за 300 отсто ја зголемиле социјалната помош, а 55.000 земјоделци набавуваат нафта за 30 отсто поевтино. 

Вели дека работеле за раст на платите.

Додава дека ветиле минималец од 16.000 денари, а по 2.5 години изнесува 14.500 денари. 

Заев вели дека ги зголемиле и пензиите и дека успешните економски политики се препознаени преку сите економски параметри. 

Заев вечерва на конгресот изјави дека додатоците за попреченост во 2021 година ќе пораснат за 15 отсто, а децата кои се од семејства со ниски приходи ќе одат бесплатно во градинка. 

Најави задолжително овошје и зеленчук во сите основни училишта. 

Младински центри ќе има во сите општини. 

Заев најави и нов Клинички центар во главниот град. 

„Фер и праведно општество не е можно без силно правосудство. Време е за ред, дисциплина и правда“, изјави Заев. 

ПРЕСУДИ ЗА „ЕРАЗМУС“

Професори и поранешен декан но и демонстрант денеска ја слушнаа одлуката со која се осудуваат на затворски казни за случајот во кој се гонеа за земање поткуп од студенти за полагање испити. 

Покрај затворските казни, има една условна, една ослободителна пресуда но осудените заработиуја и забрана за вршење дејност од 10 години.

По две ипол години затворски казни добија Славе Ристевски и Драге Јанев професори на економскиот факултет додека Бобек Шуклев помина со две години затвор.

КОРОНАВИРУСОТ ЈА ФРЛИ НА КОЛЕНА ИТАЛИЈА

Во Калабрија во Италија,  50 лекари се во карантин. 

Станува збор за матични лекари во градот Косенца, на југот на Италија. Тие се во карантин затоа што биле во контакт со продавач на фармацевтски производи, кој е заразен со коронавирус.

Од денеска, 70.000 луѓе во Калабрија немаат матичен лекар. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ако се суди според јануари, кинеската стока воопшто не е непосакувана за македонските потрошувачи. 

Коронавирусот, кој сее паника во целиот свет, во јануари веќе беше проширен во Кина, особено во кинескиот град Вухан и областа Хубеи, иако драмата од него беше со далеку помали размери отколку што тоа се случува во овој период. Сепак, и покрај постоењето и ширењето на КОВИД-19 во Кина во првиот месец од годинава, огромни количини на кинеска стока биле нарачани и пристигнале во земјава

Најголем дел од македонските жени би прифатиле да работат за плата која е поголема од минималната.

Во предвечерието на нашето официјално пристапување во Северноатлантската алијанса, зачестено може да се слушне една теза во јавноста околу бенефитот од НАТО членството. Имено, тезата гласи „НАТО не штити од граѓанска војна, а токму тоа е единствената опасност за Македонија — па следствено на тоа, залудно е нашето зачленување во НАТО“.

Во острата конкуренција на два директни ривали (големи средни банки) и во конкуренција на трите гиганти и најбрзорастечката Халк банка, Шпаркасе има успешна година затоа што бележи раст на трите клучни параметри : актива, кредити и депозити

Осигурувањето е многу комплексен и , очекувано, непредвидлив бизнис. Пари има, но заработките се многу различни на пример во однос на банките. Прочитајте како лани поминаа две од петте најголеми осигурителни компании

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта