09 Мај, 2024
0.0284

Триглав и Уника, каква беше ланската година за големите осигурители?

Објавено во: Економија 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Осигурувањето е многу комплексен и , очекувано, непредвидлив бизнис. Пари има, но заработките се многу различни на пример во однос на банките. Прочитајте како лани поминаа две од петте најголеми осигурителни компании

Осигурителниот бизнис во земјава ниту од далеку не може да се мери по профитите со другите финансиски институции особено со банкарскиот сектор. Податоците за 2019 година покажуваат дека тоа била уште една , претежно тешка, година за осигурителните компании кои оперираат на домашниот осигурителен пазар. За нашиот осигурителен пазар многумина стручни лица имаат консензус по едно прашања: има многу простор за работа и зголемување на палетата осигурителни продукти затоа што нивото на осигурување е многу ниско во однос на европските процеси.

Како и да е, многу е важно тоа што на нашиот осигурителен пазар има компании кои се меѓу континенталните лидери во осигурителниот бизнис како што е тоа Уника . Оваа австриска компанија со долгогодишно искуство во осигурувањето индиректно ја поседува македонската осигурителна компанија преку нејзината албанска аквизиција Сигал Уника Груп со седиште во Тирана која е сопственик на скопската компанија. На нашиот пазар е присутен и словенечкиот осигурител Триглав осигурителна компанија со изграден регионален рејтинг кога успешно делува децении наназад.

Како помина годината нашиот текст ќе опише низ финансиските извештаи на две од најголемите пет осигурителни компании Триглав осигурување и Уника

Триглав осигурување лани успеал да оствари приход од заработена премија (т.е. нето приходи од премија) во износ од 16,2 милиони евра. Тоа е за 2 милиони евра послаб резултат од лани кој укажува на две можности: или компанија подетално и внимателно селектира што ќе осигурува или има пробив на конкуренција. Во билансот на успех приходот од вложувања лани е на ниво од 773.000 евра и во споредба со 2018 година тоа е речиси на исто ниво.

На расходната страна лани Триглав осигурување книжи 18,1 милиони евра. Најголеми расходни ставки се следниве: бруто исплатените штети изнесуваат 10 милиони евра и се за 1,1 милиони евра пониски од претходната година. Нема промени во однос на 2018 година ниту кај трошоците за спроведување на осигурувањето на нето основа. Тие изнесуваат 7,5 милиони евра лани и се речиси идентични како и во 2018 година. Компанија лани успеала годината да ја заврши со добивка од 263.000 евра. Тоа е резултат што е за речиси 50 отсто послаб од 2018 година кога добивката изнесувала над 511.000 евра. Сепак значајно е дека Триглав Осигурување ланската година ја завршил со добивка макар таа била помала од 2 отсто од заработената премија.

Уника лани годинава ја завршила со загуба од работењето која изнесува 445.000 евра. Очигледно дека приоритет на компанијата не е агресивен пристап со максимизација на профит по секоја цена туку среднорочно профилирање со создавање квалитетно клиентско портфолио и градење на имиџ на компанија која е синоним на доверба.
Нејзините приходи од заработена премија лани биле повисоки за 655.000 евра во однос на 2018 година и достигнале 10,9 милиони евра. Од вложувања компанијата инкасирала 238.000 евра и тоа е за 18.000 евра повеќе од претходната година. Сепак расходите од работењето изнесувале 12,3 милиони евра и тие се за 1,4 милиони евра повисоки од 2018 година. Најголеми расходни ставки се : бруто исплатените штети и нето трошоците за спроведување на осигурувањето. Лани Уника исплатила 5,7 милиони евра по основ на бруто исплатени штети и тоа е за половина милион евра повеќе во однос на 2018 година. Оперативните трошоци на компанијата за делување односно трошоците за спроведување на осигурувањето лани изнесуваат 5,3 милиони евра и се за 580.000 евра поголеми од 2018 година. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?