„ЕРАЗМУС“: Ристевски, Јанев и Шуклев добија затворски казни
Објавено во: Македонија 09 Март, 2020 14:00
Професори и поранешен декан но и демонстрант денеска ја слушнаа одлуката со која се осудуваат на затворски казни за случајот во кој се гонеа за земање поткуп од студенти за полагање испити.
Покрај затворските казни, има една условна, една ослободителна пресуда но осудените заработиуја и забрана за вршење дејност од 10 години.
По две ипол години затворски казни добија Славе Ристевски и Драге Јанев професори на економскиот факултет додека Бобек Шуклев помина со две години затвор.
Условна казна од две години Судечкиот совет даде за демонстраторот Драган Денковски додека падна и една ослободителна пресуда за професорот Стојан Дебарлиев.
Според обвинението погореспомнатите се товареа дека повеќе пати во 2015/2016 направиле кривични дела злоупотребувајќи ја својата положба.
Еразмус случајот беше покренат во јуни 2017-а дали беше Битка со професорската мафија или спин да се покрие нешто друго?
Малверзации на економски истражуваше обвинителството и во 2007 та година
Уште во 2007 та тогашниот скопски јавен обвинител Стерјо Зиков го чешлаше економскиот факултет, откако државната ревизија утврди повеќе злоупотреби. Во извештајот за финансиското работење на Економски кое го објави Државниот завод за ревизија, беше констатирано дека во 2005-та факултетот остварил 250.000 евра незаконски приходи, наплатувал и до 4.400 денари за година од студентите. Се спореше и осигурувањето, наместо сите 5.400 студенти по име и презиме, факултетот во „Еуролинк“ осигурал само бројка од 3.500 студенти. На деканот од Економски и на неговите соработници им се забележуваше и дека истата година реализирале приватни патувања со студентски пари, делеле екстра хонорари по неважечки одлуки. Сите овие обвинувања беа на адреса на актуелниот декан Шуклев, кој со факултетот тогаш раководеше девет години, го туркаше петтиот мандат. Сепак скопскиот јавен обвинител Стерјо Зиков тогаш изјави дека нема да го гонат раководството на факултетот, бидејќи ценат оти немало кривично дело. Рече, можеби имало прекршоци, но тие биле застарени. Тогашниот министер за финансии, кој беше дел и од професорскиот тим, немаше категоричен став по ова прашање. „За ниту една институција, не само за Економскиот факултети не е во ред ако се констатираат значителни прекршоци на законските прописи, во тој случај треба да има објаснување и евентуално, ако се од таков карактер сносење на одговорност“, изјави Трајко Славевски, тогашен министер за финансии.
Шуклев уште одамна предвиде дека ќе се случи полициска акција на економскиот факултет
Во емисијата „Патот до успехот“ на телевизијата „24 Вести“, снимена во септември 2014-та година, Шуклев зборуваше за подемите и падовите во својата кариера. Тој беше долгогодишен декан на Економскиот факултет во Скопје, дури пет мандати беше продекан и декан. Прашан за истрагите на економскиот факултет, Шуклев изјави дека очекува притисокот од власта да продолжи. Убеден сум дека работиме чесно и совесно, инспекциите можат да си работат рече Шуклев. „Ќе издржиме“ изјави тогаш Шуклев. „Знам дека се чека погоден момент, и тие тенденции се оставаат за друго време, но немаме што да криеме“. Тој во своите настапи ја критикуваше работата на Владата, секогаш одмерувајќи ги зборовите.
Има корупција на факултетите, но студентите не пријавуваат
Во 2013 година истражувањето за перцепција за корупција во високообразовните установи во Македонија, Србија, Хрватска, Молдавија и во Бугарија покажува дека студентите имаат висока перцепција за корупција на нивните факултети, но не се осмелуваат да пријават. Според истражувањето, во Македонија е истакната појавата на непотизам, односно професори што го користат своето влијание во процесот на уписи, студенти што користат познанства при процесот на упис на факултет, професори што даваат повисока оценка на основа на познанство и студенти што користат познанства за да добијат повисока оценка или да положат испит. На прашањето зошто не пријавуваат корупција, 28 отсто од испитаниците во Македонија одговориле дека не веруваат дека би промениле нешто, додека 21 отсто се плашат од одмазда. Директно искуство кога студентот купува книга од професорот за да добие поголема оценка имале 39 отсто од испитаните студенти. Студентите на УКИМ (66 отсто) се подготвени да пријават професор дека примил поткуп, но само ако пријавувањето е анонимно..
Зошто само Економски факултет?
Ако надлежните институции се решиле да ја средат корупцијата на високообразовните институции, прашањето кое кое го поставува универзитетската фела е: зошто е избран само Економскиот факултет, зошто не е проширена истрагата и на пример на: Правниот, Медицинскиот факултет итн.? Во разговор со голем дел од универзитетските професори, велат дека ова е одмазда на актуелната власт, која не успеа да го заузда „Економски“ од честите критики на професорите за лошите економски владини политики... Дополнително, оваа владеачката гарнитура Економскиот факултет неформално го третира како опозициски стожер. Токму затоа голем дел од професорите сметаат дека ова е политичка пресметка на власта со неситомислениците.. Секако истрагата треба да покаже дали има реален криминал во работењето.
Повеќе за она што го пишуваше Фактор за овој случај читајте тука!
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





