09 Мај, 2024
0.0269

„ФАНОВИТЕ“ НА АЛИ ЕКСПРЕС НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД КОРОНА - во јануари увозот од Кина се зголемил за над 7 милиони евра

Објавено во: Економија 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Ако се суди според јануари, кинеската стока воопшто не е непосакувана за македонските потрошувачи. 

Коронавирусот, кој сее паника во целиот свет, во јануари веќе беше проширен во Кина, особено во кинескиот град Вухан и областа Хубеи, иако драмата од него беше со далеку помали размери отколку што тоа се случува во овој период. Сепак, и покрај постоењето и ширењето на КОВИД-19 во Кина во првиот месец од годинава, огромни количини на кинеска стока биле нарачани и пристигнале во земјава. 

Или конкретно, во јануари оваа година, увозот од Кина во споредба со истиот месец лани е зголемен за дури 7,6 милиони евра. Тоа го покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, кој во петокот ги објави најновите бројки за надворешно-трговската размена на земјава со другите држави. 

Тие говорат дека Кина останува еден од нашите најзначајни трговски партнери, или конкретно, трети по ред. Прва е Германија, втора е Велика Британија, и трета е токму Кина.  

Кина секогаш важела за земја од која многу повеќе увезуваме стока, отколку што таму извезуваме, што значи дека со неа имаме голем дефицит во размената, а така е и во првиот месец од годинава. 

Прецизно, во јануари од Кина земјава увезла стока во вредност од 43,1 милиони евра, што е пораст за 7,6 милиони евра во однос на истиот месец лани, кога од таа држава сме увезле стоки вредни 35,5 милиони евра.

На страната на нашиот извоз таму исто така има раст, иако е тој речиси занемарлив во однос на увозот. Или, во Кина во јануари земјава извезла 12,8 милиони евра, наспроти околу девет милиони евра во истиот месец од минатата година. 

Тоа значи дека барем засега, за кинеските пратки нема зима во земјава. Каква била сстојбата во февруари и во март годинава, ќе покаже статистиката во наредниот период, односно тогаш ќе се види дали имало намалување или зголемување.

А познато е дека најголем дел од кинеската стока овде стигнува и преку порачките од Али Експрес. За нив надлежните велат дека се безбедни, и дека нема место за страв дека од нив би можел да се добие коронавирусот.

Од Македонски пошти објаснуваат дека Собирниот центар на писмените пратки од Кина за Европа е лоциран во градот Прага во Чешка, додека оној што се однесува на пакетите со разни видови на стока се наоѓа во Цирих, Швајцарија. 

То значи, велат од Македонски пошти, дека пратките од Кина никогаш не стигнуваат директно во земјава, туку тие прво пристигнуваат во собирните центри, а потоа се испраќаат до конечната дестинација, или конкретно во случајов до нашата држава. Се разбира, претходно се вршат и царински контроли, по што пратките доаѓаат до крајните потрошувачи, што важи за сите држави низ европа, па и за нашата.

Од Македонски пошти за Фактор велат дека се досега, тие не добиле никакво известување од Светскиот поштенски сојуз за евентуален прекин на испораките на пратки од Кина.

„Нашата држава е членка на Светскиот поштенски сојуз, ние мора да ги почитуваме нивните насоки. А оттаму, се досега, не сме добиле известување за прекин на испораките“, објаснуваат од Поштата.

Дали сега во последниов период има намалување на пратките од Кина, од Македонски пошти објаснуваат дека нашите граѓани и натаму прават нарачки од познатиот бренд со многу достапни цени, а прифатлив квалитет, Али Експрес.   

„Граѓаните се различни, некои можеби стравуваат да нарачуваат од Али Експрес, но некои не се плашат, бидејќи сметаат дека на тој начин не може да се пренесе коронавирусот, па продолжуваат да нарачуваат од овој бренд“, објаснуваат од Пошта.

Е сега, дали и кога таа пратка ќе стигне, ќе зависи од авиосообраќајот. Всушност, како што нагласуваат од Поштата, до застој во испораките доаѓа поради привремената забрана за авиосообраќајот од и кон Кина од страна на авиокомпаниите, кои всушност го вршат транспортот и на поштенските пратки. 

Ова од Македонски пошти неодамна го објавија и на својата веб страница. 

„Поради ширењето на коронавирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина. Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период“, напишаа од Македонски пошти.

Оттаму до корисниците апелираа за разбирање, најавувајќи дека за сите промени тие навремено ќе бидат известени. 

Пратките од Народна Република Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика“, напишаа од Пошта на својата веб страница.

Инаку, уште пред повеќе од еден месец на оваа тема се осврна и Светската здравствена организација. Оттаму нагласија дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од вирусот, бидејќи, како што објаснија, овој вирус не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните