17 Јуни, 2024
0.0283

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев очекува решение со Бугарија, денес имаме 387 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

ЗАЕВ ОПТИМИСТ ДЕКА ЌЕ ИМА РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА

Властите во Македонија се надеваат дека ќе се постигне решение со Бугарија. 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се многу далеку од договор со Бугарија. 

Вели дека само треба да се има добра волја. 

„Верувам дека до вториот Совет на министри на 8,9, 10 декември, кога и да биде, ќе има и средба меѓу мене и Борисов, а верувам дека и нашите работни групи кои контактираат интензивно ќе создадат услови за тоа – се развиваат идеи, се разглобуваат секакви варијанти во духот на дигнитетот и достоинството на двата народа да се изнајде европско решение со вградени европски вредности во него“, рече Заев.

Заев рече дека не станува збор за отстапки, туку за решение од двете страни, дека има начини како да се дојде до тоа и, пред сѐ, дека му е драго што Бугарија ги признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност. 

Неговиот колега Бојко Борисов изјави дека Бугарија е подготвена за дијалог со Македонија. 

НОВИ 35 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-17,  Штип-19, Прилеп-12, Тетово-26, Велес-12, Битола-20, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-56, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-3, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1,  Валандово-2, Виница-1, Делчево-7, Свети Николе-7, Кичево-3, Неготино-4. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти од: Скопје-210, Куманово-35, Дебар-8, Штип-25, Прилеп-53, Тетово-38, Велес-26, Битола-3, Кавадарци-14, Гостивар-18, Гевгелија-5,  Струмица-19, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-8, Кратово-6, Свети Николе-18, Неготино-6.

Починати се 35 лица, десет пациенти од Скопје (46, 68, 79, 76, 76, 73, 48, 66, 71 и 66г ), тројца од Куманово (67, 82 и 79г), еден од Штип (79г), двајца од Прилеп (68 и 69г), еден од Тетово (84г), еден од Велес (73г), двајца од Битола (88 и 77г), еден пациент од Охрид (82г), еден од Кавадарци (73г), четири пациенти од Гостивар (75, 73, 50 и 43г), еден од Дојран - ПЕ Гевгелија (65г), двајца од Струмица (48 и 75г), еден од Радовиш (76г), еден од Кочани (67г), двајца од Берово (70 и 53г) и двајца пациенти од Кичево (54 и 70г).

АТИЏЕ БАРА ДОНАЦИИ

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако беа објавени броеви на кои граѓаните може да донираат за помош на познатата Атиџе Муратова, главниот лик на македонскиот документарен филм, кандидат за Оскар, Медена земја. Граѓаните ги споделуваат броевите ама икоментираат како државата може да дозволи токму таа да биде во ситуација да чека на донирани пари за да има свој дом, во кој ќе ја помине зимата. 

Револтот е поголем особено што по номинирањето на филмот за Оскар, многумина во државата беа во родното село на Муратова, во Бекирлија и и ветуваа многу. Такви најави имаше и од локалните и државните власти, но попусто. 

Инаку за Атиџе прво беше отворен линк за донации на страницата Gofundme, сега се објавува и број на трансакциска сметка на која може да се префрлаат пари.

СПАСОВСКИ СЕ ВРАТИ НА РАБОТА

Министреот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денска се вратил на работа во канцеларијата во Министерството. Тој беше позитивен на коронавирусот, а поради некои компликации беше и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Спасовски за борбата со болеста вели дека е едно големо искуство.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Одборот на директори на УСЈЕ одлучи да подели авансна дивиденда од 18,5 милиони евра во бруто износ односно 2.014 денари бруто по акција. Дури 95 отсто од парите ќе бидат девизен одлив кај доминантниот акционер „Титан Цемент“ со седиште во Холандија

ТТК Банка ги зголемила нето приходите од кредити во споредба со истиот период лани, на годишно ниво има значаен раст на кредитирањето, ги намалила резервациите и остварила профит за девет месеци кој пред оданочување изнесува 1,1 милиони евра

Фавира и Фавимол, моќниот антивирусен лек чие генеричко име е Фавипиравир во текот на оваа недела ќе биде увезен во земјава. Ваков чекор на надлежните следи, откако овгромен број болни од корона вирусот, односно нивни блиски го набавуваа од Косово или од Босна.

На социјалните мрежи беше објавен пост од ќерка на 76-годишна веќе почината пациентка,  која пишува дека нејзината мајка не ја хоспитализирале во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ бидејќи била повозрасна. 

Европската банка за обнова и развој го објави планот според кој Градот Скопје ќе ги подобри стандардите на урбаниот транспортен систем, преку спроведување на брз автобуски систем, кој ќе треба да ги поттикне граѓаните повеќе да го користат јавниот превоз. 

Се ближи католичкиот Божиќ и Нова година, а сточарите во Македонија се во голема неизвесност дали и по која цена ќе ги продадат јагнињата.

Можеби ќе ве интересира

„СÈ ПОДАЛЕКУ ОД ЕУ, СÈ ПОБЛИСКУ ДО БУГАРИЗАЦИЈА“: Левица за Преспанскиот договор

„СÈ ПОДАЛЕКУ ОД ЕУ, СÈ ПОБЛИСКУ ДО БУГАРИЗАЦИЈА“: Левица за Преспанскиот договор

ФИЛМСКА НЕСРЕЌА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА ВО ВЕЛЕС-ГРАДСКО: Возило излетало, па се заглавило на пругата, пожарникари и полиција се бореле да ги извлечат патниците

ФИЛМСКА НЕСРЕЌА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА ВО ВЕЛЕС-ГРАДСКО: Возило излетало, па се заглавило на пругата, пожарникари и полиција се бореле да ги извлечат патниците

„НА ОВАА ФУНКЦИЈА ПРИСТАПУВАМ СО ЦВРСТА РЕШЕНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ“: Еве што кажа Муцунски по официјалната потврда дека ќе биде прв човек на МНР

„НА ОВАА ФУНКЦИЈА ПРИСТАПУВАМ СО ЦВРСТА РЕШЕНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ“: Еве што кажа Муцунски по официјалната потврда дека ќе биде прв човек на МНР

ОСМАНИ ИЗДАЛ НАРЕДБА ЕЈУПИ ДА ДОБИЕ ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШ УШТЕ ДЕНЕСКА: поранешната ТВ презентерка ќе помага во „издавање документи“

ОСМАНИ ИЗДАЛ НАРЕДБА ЕЈУПИ ДА ДОБИЕ ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШ УШТЕ ДЕНЕСКА: поранешната ТВ презентерка ќе помага во „издавање документи“

Претседателката Силјановска Давкова на средби со грчкиот и бугарскиот премиер

Претседателката Силјановска Давкова на средби со грчкиот и бугарскиот премиер

КОНЕЧНО СЛОБОДА: По цели шест години ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески излегува од затвор

КОНЕЧНО СЛОБОДА: По цели шест години ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески излегува од затвор

ДУИ „во шок“, Стоилковиќ ќе го наследи Груби: Србин со путинистички убедувања!

ДУИ „во шок“, Стоилковиќ ќе го наследи Груби: Србин со путинистички убедувања!

ШЕСТ ГОДИНИ ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР: Што се направи, што се имплементираше и како се реализираше?

ШЕСТ ГОДИНИ ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР: Што се направи, што се имплементираше и како се реализираше?

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)