18 Април, 2024
0.0273

ЕБОР го објави планот за заемот од 70 милиони евра: Граѓаните на Скопје со ова ќе треба повеќе да го користат јавниот превоз

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Европската банка за обнова и развој го објави планот според кој Градот Скопје ќе ги подобри стандардите на урбаниот транспортен систем, преку спроведување на брз автобуски систем, кој ќе треба да ги поттикне граѓаните повеќе да го користат јавниот превоз. Проектот вклучува обезбедување на два коридора, 40 трамваи на тркала и депо. Градот ќе биде одговорен за овој проект, а Јавното сообраќајно претпријатие за управување со линиите.

Проектот како дел од планот на градот за развој на акционен план за Зелен град ќе се спроведе во две фази. Првата фаза од проектот ќе ја опфати линијата исток-запад од 12,81 км и 21 автобуска постојка опслужувајќи дневно околу 65 000 патници. Трасата започнува кај постојното складиште за автобуси на ЈСП во Ѓорче Петров и завршува на исток во Ново Лисиче, каде на седумте хектари во сопственост на градот ќе се гради и депото. Од Ѓорче Петров коридорот првично ќе се отвори долж булеварот Партизански Одреди кон центарот на градот, потоа по должината на булеварот Свети Климент Охридски, продолжува кон улица Демитрие Чуповски, улица 11-ти Октомври и потоа излегува на Булевар Кочо Рацин  Каков погон ќе користат возилата допрва ќе се утврдува. Првата фаза од проектот се очекува да го намали времето на патување за половина од сегашната проценка од 70 минути, со фреквенција на автобуси на секои 3-4 минути за време на шпицот. 

Втората фаза ја опфаќа траса север-југ.од 10,4 км и 20 автобуски постојки. Двете линии ќе се преклопуваат по должината на делот од 600 метри кај населбата Пролет. За првата рута ќе има 25, а за втората 15 автобуси. Првата фаза се очекува да биде изградена до 2022, а втората до 2024.

„Брзиот автобуски систем се очекува да обезбеди безбедни, сигурни и временски добро распоредени услуги за брз транспорт кои последователно може да резултираат со зголемување на бројот на луѓе кои користат јавен превоз; зголемен комфор за патниците во однос на изгледот, пристапноста, капацитетот и привлечноста за патниците; обезбедување на автобуски трамвај со рамен под за лица со попреченост, намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните; поттикнување на граѓаните да го користат системот за јавен превоз, зголемување на ефикасноста на горивото што доведува до намалување на штетните емисии и нивото на бучава“, се вели во делот на придобивките кои ги опишува планот на ЕБОР.

Владата веќе го утврди текстот на Предлог-законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, кој прво треба да помине во Собранието, по што ќе биде потпишан договорот на заем со ЕБОР

„Проектот ‘Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје‘ опфаќа воспоставување две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода, намалување на  времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот“, се вели во владиното соопштение.

Градоначалникот Петре Шилегов очекува до крајот на годинава да се потпише договорот со ЕБОР, а до февруари да се изработи идејниот проект, по што би се распишал тендерот за набавка на возилата, изведба на трасата за движење и депото. 

„Очекувам што кон средината на наредната година ќе почне имплементацијата и воведувањето на новиот концепт на јавен превоз во Скопје. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути“, изјави Шилегов минатата недела.

За овој проект ќе бидат консултирани и министерствата, универзитетите, 10-те скопски општини, еколошките здруженија и приватните превозници. Претходно преку заем од Европска банка за обнова и развој беше обезбедена набавка на десетици еко-автобуси, кои во моментов сообраќаат во Скопје.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи