25 Април, 2024
0.0295

ФАВИПИРАВИР ОД ДЕНЕСКА ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Болните од Ковид-19 да не го купуваат по баснословни цени од Косово или од Босна

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Фавира и Фавимол, моќниот антивирусен лек чие генеричко име е Фавипиравир во текот на оваа недела ќе биде увезен во земјава. Ваков чекор на надлежните следи, откако овгромен број болни од корона вирусот, односно нивни блиски го набавуваа од Косово или од Босна.

Цената, како што велат нашите соговорници, само за едно кутивче изнесувала од 75 до 100 евра.

-Татко ми е веќе неколку дена е позитивен на корона вирусот. Се советував со многу кои го прележале, а имале навистина тешки симптоми. Секако, разговарав и со лекари специјалисти, и сите ми посочија како знам да набавам Фавипиравир. Преку мои канали, успеав да набавам Фавимол од Косово. Само едно кутивче го платив 100 евра, а треба да испие две. Пред да почнам да му го давам, повторно ќе се консултирам и со матичната лекарка и со специјалист интернист или пулмолог, па ќе видам што ќе ме советуваат. Во секој случај, лекот е дома, а за цената воопшто не се ни двоумев, колку сака нека чини, само татко ми да се излекува успешно, вели соговорникот на Фактор.

Вакви искуства имаат голем број луѓе. На социјалните мрежи споделуваат разни искуства кој лек делува, за колку време може да им се подобри ситуацијата, како успеваат да го набават Фавипивир дури и од Босна и која е цената.

Матичните лекари велат дека ниту еден лек, а посебно не вакви силни антивирусни медикаменти пациентите не смеат да ги земаат на своја рака. Координаторот на матичните лекари од Куманово, д-р. Фатмир Асани за Фактор, посочува дека во неговата 42-годишна пракса, никогаш не ги советувал пациентите да набават лек кој го нема во земјава, освен во посебни случаи, ако лекот е целосно испитан, постои во друга држава, се дава на пациентите и секако има успех во лекувањето.

-За Фавипиравир слушнав дека го набавуваат, но тоа е нелегално. Кај нас се уште го нема овој лек, и пациентите не би требало да го купуваат по некои нивни канали. Од секоја мака на човекот, некој се обидува и добро да заработи, но овој пат станува збор за лек, а ниту еден лек не смее да се пие туку така. Дури и за апчиња за глава треба да се направи консултација со лекар, вели д-р. Аасани.

Истиот став го дели и професор д-р. Бистра Ангеловска, која за Фактор појаснува деказа секој лек што ќе се увезе во Македонија се прави целосна проценка пред да се пушти во употреба.

-Фавипиравир исто како и Ремдесивир е моќен антивиротик кој на пациентите се дава под целосна опсервација и детално следење на состојбата на пациентите од страна на лекари специјалисти. Најголемата опаност лежи во лажни лекови. За секој лек што легано е увезен имаме огромна документација од каде го следиме дури и потеклото на активната супстанца во самиот лек, за да можеме да дадеме гаранција за чистотата на лекот. Ја следиме неговата ефикаснот преку разни клинички испитувања, неговата ефикасност кај пациентите, одиме до најситни детали пред еден лек да биде пуштен во употреба. Инаку, по прекопарака на лекари специјалисти, по совети на еден цел научен колегиум, може да се направи интервентен увоз на лекови од одредена држава каде тој лек се дава редовно на пациентите за одредена болест и е докажано дека има успех во лекувањето. Тоа е всушност гаранција за квалитетот на лекот, појаснува проф. д-р. Ангеловска за Фактор.

Како и да е, по голем број набавки на Фавипиравир на своја рака, Агенцијата за лекови одобри увоз, па во текот на оваа недела ќе пристигне во земјава треба да пристигне од понеделник. Овој увоз е секако направен по барање на лекарите, но здравствените власти ќе го имаат последниот збор на кој начин лекот ќе биде достапен за граѓаните.  

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот