Донации за Атиџе Муратова: Приказната за Оскар и за некои „вредности“
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2020 09:53
Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако беа објавени броеви на кои граѓаните може да донираат за помош на познатата Атиџе Муратова, главниот лик на македонскиот документарен филм, кандидат за Оскар, Медена земја. Граѓаните ги споделуваат броевите ама икоментираат како државата може да дозволи токму таа да биде во ситуација да чека на донирани пари за да има свој дом, во кој ќе ја помине зимата.
Револтот е поголем особено што по номинирањето на филмот за Оскар, многумина во државата беа во родното село на Муратова, во Бекирлија и и ветуваа многу. Такви најави имаше и од локалните и државните власти, но попусто.
Инаку за Атиџе прво беше отворен линк за донации на страницата Gofundme, сега се објавува и број на трансакциска сметка на која може да се префрлаат пари.
Инаку во март лани продукцијата на документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска самата организираѓе донаторска кампања за помош на протагонистите во филмот односно на Атиџе и номадското сточарско семејство на Хусеин и Љутвие со 8 деца. Исто така на официјалната веб-страница на филмот honeyland.earth беше поставен линк, каде со нарачка на мед се донираше за нив. Со парите требаше да се помогне да се изгради куќа за Атиџе и да се обезбеди школување за децата.
Пред извесно време односно во септември хероината Муратова се пожали дека има проблеми, односно дека некој оссед ја малтретира. Тогаш од Министерството за труд и социјална работа изјавија дека случајот е под надзор, а градоначалникот на Лозово подцна рече дека проблемот е решен, а соседот ветил дека нема да ја малтретира. „Атиџе Муратова е во системот за социјална заштита како корисник на права од Законот за социјална заштита. Во однос на социјалните права на Атиџе Муратова, Центарот за социјална работа во Свети Николе ја следи состојбата и превзема конкретни мерки“, изјавија тогаш од МТСП.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




