26 Април, 2024
2.0643

СЕ БЛИЖИ KAТОЛИЧКИ БОЖИК И НОВА ГОДИНА: Сточарите не знаат по која цена ќе ги продадат јагнињата

Објавено во: Македонија, Агробизнис 23 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Се ближи католичкиот Божиќ и Нова година, а сточарите во Македонија се во голема неизвесност дали и по која цена ќе ги продадат јагнињата.

Дополнително, и пандемијата на коронавирусот може да ја усложни работата. Македонското јагне најмногу се бара во Италија и Хрватска. Доколку не се пласира во странство, мaкедонското јагне се очекува да заврши на домашниот пазар.

„Уште не знаеме ништо како ќе биде оваа година. Сточарството е пред колапс. Ние имаме трошоци за храна, мораме да платиме овчари, и сега е важно да ја поминеме зимата. Јагнињата се продаваат за католички Божиќ и Нова година, но исто така важен е и Велигден. Македонското јагне оди на пазарите во Италија, Грција, Хрватска“, вели Скендер Аме, од Здружението на сточари Даши од Дебар.

Митко Јанков од Агроцентар Велес вели дека вообичаено субвенциите доцнат, и тоа создава проблем за сточарите. Додава дека последните неколку години беа лоши за оваа гранка. Вели дека уште не знаат по која цена ќе се продаваат јагнињата, но доколку биде по 140 денари за килограм како што слушнале, тоа за нив е неприфатливо.

„Ако биде таа цена, тоа нема да биде добро ниту за едните ниту за другите. Нашето јагне се бара во Италија каде се смета за деликатес. Грција има доволно јагниња, но го зема македонското јагне и најверојатно го препродава. Имаше некои мали количини, се спомна дека се извезени во Јордан, но сепак треба да се бараат и нови пазари. И сега на пазарите во Македонија се продаваат овци, но нема кој да ги купи, затоа што сточарството е пред колапс, се работи „од нив за нив“, и никој не сака да си стави „здрава нога во трн“, рече Јанков.

Тој вели дека одгледувачите на овци се револтирани, затоа што имаат високи трошоци, а цените на јагнето не се на задоволително ниво.

Ако ги погледнеме статистичките податоци од Државниот завод за статистика, во 2019 во однос на 2018 година бројот на овци во земјава е намален.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби