25 Април, 2024
0.0299

КОСТОВ ПО СВЕДОШТВО ДЕКА ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ НЕ ПРИМААТ ПОСТАРИ ОД 70 ГОДИНИ: Не гледаме возраст, итно бараме места во другите ковид-центри, никој не е оставен

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи беше објавен пост од ќерка на 76-годишна веќе почината пациентка,  која пишува дека нејзината мајка не ја хоспитализирале во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ бидејќи била повозрасна. Таа во постот наведува:

-76-годишна жена, пациент на дијализа, позитивна на ковид, со пад на сатурација, висока температура и наод на плуќата, за што доктор претходно порача ИТНА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, по извршената дијализа во ковид центарот во “8-ми Септември”, оставена е во ходник сама без никаква медицинска нега. Чека да ја донесеме дома. Зошто? Затоа што немало кревет за неа, креветот се чувал за некој помлад. Нормално, дома без соодветна терапија ситуацијата драматично се влошува. Утредента во полукоматозна состојба доаѓа брза помош (секоја им чест) но и тие уплашени, кажуваат дека не знаат каде да ја носат, во болница не им ги примале пациентите, особено постарите. На наше настојување докторката решава да се обиде да ја примат во “8-ми Септември” како нивен пациент. По 30 минутно чекање во комбето, докторката се враќа и ни кажува дека нема да ја примат, едноставно над 70 години не примаат во “8-ми Септември”. Сакаат да ја вратат дома, а сатурацијата е 60. На наше очајно инсистирање, сепак брзата помош се решава да се обиде на клиника. И таму чекање 30 минути во комбето, за на крај сепак да се смилуваат и да ја примат на гастро. Рекоа чекајте да дојде доктор и да ви земе податоци. Чекавме, 4 саати, доктор НЕ ДОЈДЕ, само се јавија да ни соопштаат дека починала.

По ова сведоштво, Фактор поразговара со директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов кој вели дека ниту еден пациент не е оставен без соодветна грижа, и доколку има потреба од итна хоспитализација, а кај нив нема место, веднаш се препраќа во некој од другите ковид-центри.

-На целата мака со која се соочуваме деноноќно, има и луѓе кои ќе објават вакви потресни постови. Сепак, она што сакам да го истакнам е дека нема пациент кој дошол во болницата, а да не му биде укажана сета медицинска помош. Во случај кога нема место, имаме група на Вибер со останатите ковид центири, веднаш прашуваме каде може да се смести и пациентите веднаш ги трансферираме во другите болнички установи, односно ковид центри. Како и за сите останати итни пациенти, токму и за оваа пациентка имаме комуникација каде може да ја сместиме. Не е точно дека во ГОБ „8 Септември“ не примаме повозрасни пациенти. Најмладиот е 20-годишен во мометов, а најстариот, кој за жал не ја издржа битката со вирусот и утринава почина беше 72-годишен човек,  појаснува Костов за Фактор.



Истовремено, тој вели дека во моментов таму има хоспитализирано 109 пациенти. Осум се на респиратор, а тројца на сипап-апарат.

-Во ГОБ „8 Септември“ повторно се лекуваат најтешките пациенти болни од ковид. Ги носат од цела Македонија иако претходно биле хоспитализирани во болниците ширум земјава. Но, по влошување на нивната состојба, тамошните болнички установи ги праќаат тука. Секој пациент е темелно прегледан, направена е лабораторија, мерена е сатурација, се што е потребно. Ниту еден од нив, ниту пак оние од Скопје кои доаѓаат со возила на Итната медицинска помош не е оставен да чека или пак е вратен дома, вели д-р. Костов.

Истовремено, укажува дека можеби периодот што следи ќе биде уште потежок и дека најверојатно ќе има потреба од хоспитализација на поголем број пациенти, заради што апелира граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат од дома, контактите да ги сведат на минимум, а мерките за заштита задолжително да се почитуваат.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг