26 Мај, 2024
0.0346

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев даде отчет за 100 дена Влада, а во меѓувреме се бараат нови рестрикции

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

ЗАЕВ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО

Се посветивме на изнаоѓање на решенија за проблемот со Бугарија и бевме фокусирани на тоа во изминативе 100 дена. Тоа што се лсучи не е вина ниту на Владата ниту на граѓаните, рече денеска премиерот Зоран Заев зборувајќи за сработеното во првите 100 дена од мандатот.

„Оваа Влада, ниту нашата држава ниту народот немаме вина за оваа ситуација. Застанавме цврсто на тоа дека идентитетот не возможно е да биде предмет на преговори. Штетата од ова неопрвдано вето се надеваме ќе може да се надомести брзо. Ќе го засилиме темпото сега со уште повеќе верба ќе се посветиме со европски стнадарди дома и продолжување на преговорите со Бугарија. Решенија се можни. Европа ја носиме дома, рече Заев.

ПРЕДЛОЖЕНИ РЕСТРИКЦИИ

Комисијата за заразни болести ќе препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.

„Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препорако кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти“, изјави министерот д-р Венко Филипче.

Препораката до Владата ќе биде угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.

ЌЕ ИМА ЛИ ЛИДЕРСКА?

Наскоро најверојатно ќе има лидерска средба. 

Премиерот Зоран Заев денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Тој очекува лидерската да ја свика претседателот на државата, Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш иницијативата ќе ја поттикне тој. 

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека неговата партија нема да учествува доколку лидерската ја организира Пендаровски.

Заев и Мицкоски се согласни дека на средбата треба да се зборува за корона кризата, евроинтеграциите и другите прашања кои се важни за граѓаните.

ОД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАА 26 ЛУЃЕ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 741 тестирања, а регистрирани се 213 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-103, Куманово-16, Штип-9, Прилеп-9, Тетово-16, Струга-4, Велес-5, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-19, Гостивар-9, Струмица-3, Радовиш-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Неготино-5. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 632 оздравени пациенти од: Скопје-169, Куманово-33, Штип-36, Прилеп-57,  Тетово-21, Струга-20, Велес-33, Битола-43, Охрид-26, Кавадарци-27, Гостивар-34, Гевгелија-13, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-4, Валандово-4, Виница-3, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-25, Ресен-8 и Неготино-19.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (80, 69, 89, 87, 77, 79 и 60г), тројца од Куманово (62, 72 и 80г), еден од Прилеп (70г), четири пациенти од Тетово (81, 50, 72 и 60г), еден од Струга (62г), тројца од Битола (80, 60 и 66г), еден пациент од Охрид (69г), еден од Гостивар (69г), еден од Струмица (80г), еден од Крушево (69г), еден од Виница (58г), еден од Делчево (78г) и еден пациент од Свети Николе (69г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

ОБВИНИТЕЛКАТА НЕМА ДА ОДГОВАРА ЗА УСЛОВНАТА ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ МЛЕЧЕН

Советот на јавни обвинители нема да превземе ништо против обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, објави Наташа Димитриевска, сопругата на  Гоце Димитриевски, кој пред две години беше усмртен од возач на џип кај „Млечен“ а потоа доби само условна казна.

Димитриевска исто така беше на мотоциклот кој го управуваше Гоце и го загуби плодот во сообраќајната несреќа. За пресудата пред неколку месеци објави семејството на починатиот на социјалните мрежи, по што јавноста се крена на нозе, а реагираше дури и опозицијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека за интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk. податоците се уште не со објавуваат, бидејќи УЈП до крајот на оваа недела треба да достави прочистен список до Генералниот секретаријат на Владата.

Голем успех е кога истражувачки труд на некој студент или докторанд ќе се најде во научно списание. Но, кога труд на средношколка ќе биде објавена во вакво списание кое исклучиво публикува трудови на научници - доктори на науки, тогаш станува збор за неверојатно постигнување.

Акцијата на НЛБ Банка треба да се чува и може да достигне пазарно ниво до 20.800 денари за акција. НЛБ Банка е една од трите најголеми банки во земјава, со одлична пазарна позиција, голем потенцијал и респективна дивиденда историја

Што најмногу им треба на малите приватни бизниси, како да им се помогне да се развиваат и да одат напред, можеби најдобро се знае кога си го изодел нивниот пат. Новиот директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, открива како во иднина ќе им се помага на овие ветувачки бизниси, но и се што досега за нив е направено за време на претходното раководство.

И покрај тоа што државата им даде финансика помош, дури 179 газди во октомври не им исплатиле плати на своите работици.

Станува збор за дури 338 работници кои останале без плата, и покрај тоа што нивните работодавачи добиле пари од државата за таа цел. 

Не се објавени конечните списоци на лица кои добиваат финансиска поддршка од државата односно списоците се уште се ажурираат на интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk.

Балкан Енерџи Груп втора година по ред прикажува загуба за изминатата година. Снабдувачот на топлинска енергија во 2019 остварил загуба од 183.211.000 денари. Тоа е уште поголема загуба од 2018, кога минусот што беше покажан изнесуваше 135.927.000 денари. Последен пат БЕГ прикажа добивка за 2017, кога истата изнесуваше 50 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ОТКАКО ИЉАЗИ РЕЧЕ ДЕКА Д-Р НИКО Е ОД ВРЕМЕТО НА ДРУЖЕ ТИТО, БЕЌАРОВСКИ РАСПАЛИ: „Цел ден чекам Директорката да ми го честита 25. мај“

ОТКАКО ИЉАЗИ РЕЧЕ ДЕКА Д-Р НИКО Е ОД ВРЕМЕТО НА ДРУЖЕ ТИТО, БЕЌАРОВСКИ РАСПАЛИ: „Цел ден чекам Директорката да ми го честита 25. мај“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЌЕ ИСТРАЖУВА ШТО ТОА МИРИСАЛО ВО ХИРУРШКИТЕ САЛИ: Ќе се проверува дали има кривично дело

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЌЕ ИСТРАЖУВА ШТО ТОА МИРИСАЛО ВО ХИРУРШКИТЕ САЛИ: Ќе се проверува дали има кривично дело

ЕВЕ КАКО СЕ ПРЕМИНУВА БУЛЕВАРОТ КОЧО РАЦИН НАВЕЧЕР: Најдобро да си носите факел да не ве качи некој на хауба

ЕВЕ КАКО СЕ ПРЕМИНУВА БУЛЕВАРОТ КОЧО РАЦИН НАВЕЧЕР: Најдобро да си носите факел да не ве качи некој на хауба

„ТОА УБАВО ЧУВСТВО, КОГА ВО ЕЛЕНСКАТА РЕПУБЛИКА ЌЕ ПРОЧИТАШ НАТПИС -ДОБРЕДОЈДОВТЕ“: Доктор Беќаровски споениот викенд замина во Грција

„ТОА УБАВО ЧУВСТВО, КОГА ВО ЕЛЕНСКАТА РЕПУБЛИКА ЌЕ ПРОЧИТАШ НАТПИС -ДОБРЕДОЈДОВТЕ“: Доктор Беќаровски споениот викенд замина во Грција

„КАКО МОЖЕ ВО ИСТ ДЕН ДА СЕ РАКУВАШ СО ПАПАТА ПА ДА РАЗГОВАРАШ СО ЗЕЛЕНИОТ ЗЕЛЕНСКИ?“ Ванковска за активностите на Силјановска-Давкова

„КАКО МОЖЕ ВО ИСТ ДЕН ДА СЕ РАКУВАШ СО ПАПАТА ПА ДА РАЗГОВАРАШ СО ЗЕЛЕНИОТ ЗЕЛЕНСКИ?“ Ванковска за активностите на Силјановска-Давкова