17 Јуни, 2024
0.0288

БЕГ тужи во просек за неплатени 3.000 денари

Објавено во: Економија 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Балкан Енерџи Груп втора година по ред прикажува загуба за изминатата година. Снабдувачот на топлинска енергија во 2019 остварил загуба од 183.211.000 денари. Тоа е уште поголема загуба од 2018, кога минусот што беше покажан изнесуваше 135.927.000 денари. Последен пат БЕГ прикажа добивка за 2017, кога истата изнесуваше 50 милиони денари.

Приходите на лиценцираниот стопанственик на градската мрежа за парно-греење во Скопје минатата година остварил приходи од 1.410 милиони денари, што е за 50 милиони помалку од една година претходно, покажува консолидираниот извештај објавен на Македонска берза. Трошоците се поголеми и изнесуваат 1.593 милиони денари или речиси исто како и во 2018. 

Набавената топлинска енергија чинела 411 милиони денари, или околу 20 помалку од една година претходно, но суровините чинеле 710 милиони денари, односно 150 милиони повеќе биле потрошени во споредба со 2018.

Во текот на 2019 имало 96 исклучувања на барање на домаќинства и 20 на правни лица од системот, споредбено со 289, односно 24 во 2018. Од таму велат дека е забележан повисок процент на наплата во однос на една година претходно и кај домажинствата и кај правните лица.

„Наплатата на месечните задолженијата кај категоријата домаќинства, на крајот од годината покажува вкупен просечен процент од 93, 99 отстпроценти, што е релативно висок и речиси еднаков во споредба со минатата година, кога истиот изнесуваше 93, 71 %. Остварениот процент на наплата е постигнат со континуирана и посветена работа како и преземање на низа мерки и инструменти кои беа во насока на подобрување на наплатата“, тврдат од БЕГ.

Кај нотарите биле поднесени 8601 тужби за неплатени сметки од потрошувачите. Главниот долг на тужените побарувања изнесувал околу 30 милиони денари, што е доста помал од година дена претходно, а нотарите наплатиле околу 6,2 милиони денари како награда. Во просек следува пријава кај нотар на секои безмалку 3.500 денари.

Сепак кај извршителите завршиле 3.030 тужби и тоа сите, освен една, против домаќинства во вредност на главен долг од 9,3 милиони денари. Тоа е во просек по една тужба за неплатени 3.000 денари. Во 2018 имало само 495 пријавени домаќинства за присилна наплата за вкупен долг од 6,55 милиони денари.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?