17 Јуни, 2024
0.0259

СПИСОЦИТЕ СО ДОБИТНИЦИ НА 6.000 ДЕНАРИ ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ГИ ИМА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА - УЈП уште ги проверува податоците

Објавено во: Економија 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека за интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk. податоците се уште не со објавуваат, бидејќи УЈП до крајот на оваа недела треба да достави прочистен список до Генералниот секретаријат на Владата.

„За таа мерка на помош Управата за јавни приходи има обврска да достави прочистен список до Генералниот секретаријат на Владата, за да се направи објава. Ова од причина што се потребни повеќе сетови на податоци, кои треба да бидат точни, а неточните податоци се враќаат на доработка“, рече Лукаревска.

На прашањето конкретно дали ова значи дека до крајот на оваа недела граѓаните не треба воопшто ни да ја отвораат оваа интернет страница и да проверуваат, бидејќи податоците секако нема да бидат ажурирани, Лукаревска со кус одговор „Задолжените државни органи за таа објава благовремено ќе ги информираат граѓаните“.

Тоа значи дека сеуште ги нема конечните списоци на лица кои добиваат финансиска поддршка од државата. 

Како што веќе пишуваше Фактор, додека не се комплетираат листите, на истатата страница Владата треба да објави и оглас за пријавување на продавници односно објекти каде овие пари може да се трошат. Во Законот стои дека Генералниот секретаријат на Владата во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон на оваа интернет страница треба да го објави огласот за пријавување на правни и физички лица вршители на стопанска дејност за упис во Листа на даватели на македонски производи и македонски услуги.

За мерката државата ќе потроши 27 милиони евра.

Законот предвидува на сметка да добијат по 6.000 денари граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Парите кои ќе ги добијат граѓаните ќе треба да ги потрошат до 25 декември годинава, но од Министерството за финансии за Фактор тврдеа дека никојнема да посегне да им ги зема неискористените пари на граѓаните и по овој датум.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДО ПОЛНОЌ СИТЕ НА БЕНЗИНСКА АКО САКАТЕ ПОЕВТИНО ГОРИВО: Еве кои ќе бидат новите цени на бензините и дизелот од утре

ДО ПОЛНОЌ СИТЕ НА БЕНЗИНСКА АКО САКАТЕ ПОЕВТИНО ГОРИВО: Еве кои ќе бидат новите цени на бензините и дизелот од утре

ШОКАНТНО ВИДЕО: ПАТНИЧКА ВО АВИОН СЕДИ ВРЗАНА ЗА СЕДИШТЕ, НА РАЦЕТЕ И ЛИЦЕТО ИМА СЕЛОТЕЈП - но, ја знаете ли причината

ШОКАНТНО ВИДЕО: ПАТНИЧКА ВО АВИОН СЕДИ ВРЗАНА ЗА СЕДИШТЕ, НА РАЦЕТЕ И ЛИЦЕТО ИМА СЕЛОТЕЈП - но, ја знаете ли причината

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете