ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2024 22:36
Вечерва во просториите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се одржа средба за соработка на работните групи на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и на ВМРО –ДПМНЕ, во состав: Горан Минчев, генерален секретар, Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски потпреседатели на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпреседателите на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.
На состанокот се разговараше за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.
Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, својата платформа ја темели на идеолошките столбови на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција; Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи.
Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија инсистираа сите овие определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




