17 Јуни, 2024
0.0268

Која акција од банка треба да се чува до 20.800 денари?

Објавено во: Економија 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Акцијата на НЛБ Банка треба да се чува и може да достигне пазарно ниво до 20.800 денари за акција. НЛБ Банка е една од трите најголеми банки во земјава, со одлична пазарна позиција, голем потенцијал и респективна дивиденда историја

Акцијата на НЛБ Банка треба да се чува затоа што во период од една година може да достигне ценовно ниво од 20.800 денари (што е 12 отсто повеќе од последната пазарна цена на таа акција н.з.), ова во најкратки црти е заклучокот од анализата на финасиските аналитичари на „Вуд едн Компани“, меѓународна компанија која се занимава со анализи наменети за инвестициски банки и управување унвестициски фондови.
Анализата на „Вуд дн Компани“ за НЛБ Банка е трета по ред анализа за котиранат акција на домашна компанија по анализите за „Комерцијална банка“ и за „Алкалоид“.

Меѓу најзначајните оценки од анализата издвојуваме дека аналитичарите очекуваат банката идната година да додели солидна дивиденда на своите акционери особено заради тоа што годинава пропушти да го направи тоа иако имаше солидна добивка минатата година. Акцијата на НЛБ Банка ја именуваат како дивидендна особено со оглед на историјата на исплата на дивиденди во претходните години.

Аналитичарите проектираат дека профитабилноста на банката ќе биде на завидно ниво пред се заради квалитетното портфолио на средства на банката. Како квалитетно го оценуваат и портфолиото на заеми и оценуваат дека тоа ќе биде основа за континуирано добро деловно работење кое ќе генерира раст.

Аналитичарите оценуваат дека заради позицијата на банкарскиот пазар и поради потенцијалот и капацитетот НЛБ Банка на среден рок ќе стопанисува солидно и покрај сите негативни последици врз стопанството кои ги создава корона кризата.

Повеќе за оценките на аналитичарите на „Вуд енд Компани“ може да прочитате на следниот линк Нова инвестициска анализа во рамките на регионалниот проект на ЕБОР - 10.12.2020

Нова инвестициска анализа во рамките на регионалниот проект на ЕБОР - 10...

Macedonian Stock Exchange

Macedonian Stock Exchange


објавена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност на 10 декември.

Р.Ф.

Фактор пренесува факти од анализата, кои не треба да се разберат како совет за купување акции од овој издавач

Можеби ќе ве интересира

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?

БАНКА ОТПУШТИ ВРАБОТЕНИ БИДЕЈЌИ ЛАЖИРАЛЕ ДЕКА РАБОТАТ ОД ДОМА - работниците вложиле само по 10 долари за измамата, а еве како ги откриле

БАНКА ОТПУШТИ ВРАБОТЕНИ БИДЕЈЌИ ЛАЖИРАЛЕ ДЕКА РАБОТАТ ОД ДОМА - работниците вложиле само по 10 долари за измамата, а еве како ги откриле