17 Јуни, 2024
0.0283

Уште ги нема и листите на продавници каде може да се трошат парите: 283.000 граѓани треба да се на kupuvamdomasno.gov.mk

Објавено во: Економија 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Не се објавени конечните списоци на лица кои добиваат финансиска поддршка од државата односно списоците се уште се ажурираат на интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk. Додека не се комплетираат листите на истатата страница Владата треба да објави и оглас за пријавување на продавници односно објекти каде овие пари може да се трошат. Во Законот стои дека Генералниот секретаријат на Владата во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон на оваа интернет страница треба да го објави огласот за пријавување на правни и физички лица вршители на стопанска дејност за упис во Листа на даватели на македонски производи и македонски услуги.

Откако ќе се утврди дека ги исполнуваат условите сите тие исто така треба да бидат објавени на kupuvamdomasno.gov.mk. Граѓаните токму во тие дуќани ќе можат да купат со своја дебитна картичка на Пос терминал или Оn-line од картичката на која ќе ги добијат парите. Финансиска помош од 6.000 денари теоретски опфаќа 283.000 граѓани.

Овој пат, а поради потребата од брза реализација на мерката и заштеда на време потребно за печатење на платежни картички, мерката ќе се реализира преку исплаќање на средства на постоечка трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата. За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка. 

Парите нема да смее да се подигнуваат како готовина, со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали.

Она што е важно и е дефинирано во законот е тоа дека пари не може да добијат лицата кои веќе користеа финансиска помош со картичките „Купувам домашно“, претходно годинава. 

„Во насока на финансиска поддршка на што е можно поголем број на засегнати граѓани, како и доделување на средствата на оние лица кои имаат вистинска потреба од истите, заради запазување на фер третманот и правичноста при распределбата на финансиските средства, со членот 9 од Законот се уредува дека лицата кои примиле финансиска поддршка согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на дебитна платежна картичка за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба не можат да користат финансиска поддршка согласно овој закон, стои во законот.

За мерката државата ќе потроши 27 милиони евра.

Законот предвидува на сметка да добијат по 6.000 денари граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Парите кои ќе ги добијат граѓаните ќе треба да ги потрошат до 25 декември годинава, но од Министерството за финансии за Фактор тврдеа дека никојнема да посегне да им ги зема неискористените пари на граѓаните и по овој датум.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?