29 Април, 2024
0.0281

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови жртви и продолжен полициски час во цела Македонија

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

НОВИ ЖРТВИ НА КОВИД 19

Tројца пациенти се починати, еден пациент од Кочани, и двајца од Тетово. 

Ова на прес-конференција денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. 

На Инфективната клиника се примени 10 нови пациенти, од кои 8 се на механичка вентилација. 

Во 8-ми Септември се примени 4 пациенти. 

Во Битола е хоспитализиран еден пациент. 

15 нови случаи има за 24 часа, 4 во Скопје, 8 во Куманово, Тетово, Штип и Струга по еден. 

„Оваа бројка е од направени вкупно 202 тестови“, рече Филипче.

Уште двајца кумановци ја изгубиле битката со корона вирусот, изјави вечерва градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето на Топ Тема на Телма.

ПРОДОЛЖЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти дека е донесена одлука за продолжување на полицискиот час на цела држава. 

Од 16 часот до 5 часот наредниот ден нема движење. 

За време на викендот нема движење од петокот до понеделникот на територија на цела држава. 

Построги мерки има за старите над 67 години и за младите до 18 години. 

Се забранува движење во групи, освен за родители со деца. 

„За земјоделските активности дозволиво е движењето во атарот на селата исклучиво за работни потреби“, рече Спасовски. 

Ова стапува на сила од среда. 

Празниците граѓаните ќе мора да ги поминат дома. 

БАБАТА НА ПЕНДАРОВСКИ НЕГАТИВНА

Готови се резултатите од тестот за коронавирус од мајката на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски. 

Од неговиот Кабинет соопштија дека резултатите се негативни. 

„Брисот беше земен посмртно, откако г-ѓа Ѓоргиевска (71) почина вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје, како резултат на влошување на општата здравствена состојба предизвикана од хронична болест, поради која повеќе од една година беше со исклучително тешка клиничка слика“, наведуваат од кабинетот на Пендаровски.

Жената почина вчера, а една година имала тешки здравствени проблеми. 

КОЧАНИ СТРАВУВА ЗА СТОТИЦИ ЗАРАЗЕНИ

Почина лицето коешто беше евидентирано како прв случај во Кочани, заразен од коронавирусот, потврди денеска градоначалникот на општината Николчо Илијев.

Станува збор за човек кој има само 40 години. Т

„Изразувам длабоко жалење и упатувам сочувство до семејството на починатиот. Жалам што болеста која го тресе светот однесе млад живот и остави болна празнина во нашата средина, ненадоместлива за најблиските.
Повикувам да не се создава паника, туку смирено, свесно и дисциплинирано сите да се придржуваме кон пропишаните мерки, кои се суштински за спречување на заразата, вели градоначалникот.

Лицето, според информации од градот било во контакт со многумина. 

СТИГНА ПОМОШ ОД УНГАРИЈА

Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Унгарија, претпладнево допатува со карго-авион во Скопје со помош за Македонија за време на справувањето со епидемијата предизвикана од корона вирусот, а го пречека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Куманово викендот го помина во карантин со цел да се спречи ширењето на заразата со Ковид 19.

Од петокот во 21 часот, па сѐ дeнес до раните утрински часови беше забрането движење.

Берзанскиот индекс МБИ10 расте веќе неколку дена по ред. Откако на 27 март минатиот месец тој ја доживеа најниската вредност во овој период, од 3.256,2 поенти, во изминатите неколку дена тој постојано оди по нагорна линија. 

Одредени денови дури имаше и пораст меѓу 6 и 7 проценти, покажуваат извештаите на берзата.

Агенцијата за електронски комуникации ќе ја троши заштедата од повеќе од 7 милиони евра собрана од претходните години за да помогне во борбата со економската штета предизвикана од корона вирусот. 

Тоа значи дека безмалку заедно ќе се потрошат 16 милиони евра.

Нема никаква потреба граѓаните што имаат штедни влогови во денари, нив да ги менуваат во евра, советуваат од Народна банка на Македонија. 

Оттаму уште еднаш цврсто гарантираат дека денарот е и ќе остане стабилен, и граѓаните по ова прашање можат да бидат целосно спокојни.

Во текот на овој месец доспеваат првите негативни резултати врз реалниот сектор од пандемијата на COVID 19. 

Во услови на видно намалена економска активност заради откажани или намалени нарачки и намалена побарувачка за стоки и услуги фирмите треба да ги платат ратите на кредитите.

Каматните стапки за граѓаните за постојните кредити, односно оние кои веќе ги отплаќаат кон банките, нема да се променат. 

Ова важи и за каматите на кредитните картички и за минусите на тековните сметки, кои веќе им се одобрени и ги користат граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце