26 Април, 2024
0.0301

Кои банки се први на браникот од „Короната“?

Објавено во: Економија 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во текот на овој месец доспеваат првите негативни резултати врз реалниот сектор од пандемијата на COVID 19. Во услови на видно намалена економска активност заради откажани или намалени нарачки и намалена побарувачка за стоки и услуги фирмите треба да ги платат ратите на кредитите. Банките кои значајно го кредитираат стопанството први ќе имаат увид во реалната состојба и ќе бидат во првиот борбен ред за зачувување на каква таква кондиција на домашната економија

Економската активност во земјава забавува и тоа „забрзано“. Причината е досега многу пати елаборираниот COVID 19 глобално претставен како невидлив непријател на целото човештво. Прво апелите, а потоа и уредбите со законска сила кои имаат за цел да го минимизираат движењето рефлексираат и на размената, на трговијата, на производството, увозот и извозот... Нема гранка во стопанските дејности без разлика дали е услужна или е производствена која не трпи негативно влијание од новонастанатата вонредна актуелна состојба.

Ова ќе има сериозно , се надеваме, краткорочно негативно влијание врз нашето стопанство. Уште сме во фаза во која пред се политичарите лицитираат со бројки потребни за „санација“, „поддршка“, „помош“ итн итн на нашата национална економија. Засега врвните македонски економости или барем оние кои немаат активен политички ангажман не брзаат со изнесување на бројки за штетите кои ќе ги предизвика економијата. Бараат ангажман на Владата во смисла на утврдување на приоритети за делување, целосна поддршка на здравствениот систем, редукција на трошоци кои сега не се приоритетни и особено апелираат на внимателен однос кон банките и укажуваат да не се врши притисок врз нив во никаква форма, да им се даде поддршка доколку бараат и да се избегнуваат уредби кои директно ќе „им ги менуваат брзините н.з.“ односно кои ќе бараат промена на пазарните режими на делување на деловните банки и на централната банка. Затоа што сите се согласни дека фирмите ќе бидат први на удар од новонастанатата состојба која значајно ќе ја намали или ќе ја сведе на минимум нивната деловна активност. А банките ќе им требаат за ефикасно рестартирање со кредити или за одложување на плаќање на обврските. Значи во оваа состојба банките мора да останат здрави.  Знаеме дека огромен број од фирмите имаат деловни односи со банките или еснафски кажано „отворени се како пупки“. Со првиот удар на кризата дел од нив ќе се соочат со доцнења при исплата на тековни кредитни обврски. И тоа ќе се случи во текот на овој месец зависи од пресекот (н.з. кога доспева ратата).

Целта на нашата анализа е да дадеме увид на изложеноста на банките спрема стопанството односно да го видиме корпоративниот дел од нивното кредитно портфолио.

Убедливо најголем кредитор на македонската економија е најголемата деловна банка (од аспект на актива и депозити)  Комерцијална банка. Воедно оваа банка и лани како и претходно е најголем кредитор на фирмите кои работат во нашата земја. Вредноста на нејзиното корпоративно портфолио на крајот на 2019 година е 576,5 милиони евра. Тоа е 65 отсто од нејзиното вкупно (бруто) кредитно портфолио на крајот на минатата година. Тоа значи дека менаџментот на Комерцијална банка прв (веќе ги има првите согледувања за ударите на кризата врз фирмите) и прв ќе ги влече потезите за поддршка и помош на домашните компании.  Веројатно, иако уште нема официјални информации, првите мерки ќе бидат репрограмите на обврските и преструктуирање на кредитите, со евентуални комбинации за дотур на средства за тековна ликвидност . Токму во дотурот на стредства за тековна ликвидност треба да даде помош Владата за да помогне да се задржат што повеќе работни места. Од големата петорка помалите две банки Халк банка и Охридска банка имаат процентуално иста застапеност на корпоративните во вкупните кредити и таа изнесува 54 отсто од целото портфолио. НЛБ Банка со 40 отсто од кредитната сила ги финансира компаниите и правните лица, а најмала е изложеноста кај Стопанска банка Скопје која од своите финансии во фирмите до крај на 2019 година инјектирала 31 отсто од портфолиото.

Од аспект на изложеност кон стопанството најподготвена треба да биде Прокредит банка која важи за банка која е најмногу посветена на корпоративниот сектор и тука значајни средства се доделуваат на микро и мали фирми. Вкупното кредитно портфолио на оваа банка на крај на 2019 година изнесува 340 милиони евра и тоа е 90 отсто од целото кредитно портфолио. И менаџментот на оваа банка во овој период ќе има квалитетни и реални информации за „крвната слика“ на нашата економија и нејзината погоденост од светската закана наречена COVID 19. Во слична ситуација е и Еуростандард банка која во корпоративно кредитирање има 74 отсто од сите кредитни средства односно 77,6 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто