Дивидендите го „позеленија“ берзанскиот индекс - МБИ10 расте неколку дена по ред
Објавено во: Финансии 06 Април, 2020 14:37
Берзанскиот индекс МБИ10 расте веќе неколку дена по ред. Откако на 27 март минатиот месец тој ја доживеа најниската вредност во овој период, од 3.256,2 поенти, во изминатите неколку дена тој постојано оди по нагорна линија.
Одредени денови дури имаше и пораст меѓу 6 и 7 проценти, покажуваат извештаите на берзата.
Денеска порастот на берзанскиот индекс МБИ изнесува 4,25 отсто.
Во петокот минатата недела, пак, неговата вредност затвори во зелено, односно со плус од 6,32 проценти, а сличен позитивен тренд имаше и во претходните денови.
А претходно, на 26 март, МБИ10 завршил во црвено, со негатива од дури 5,3 проценти.
Брокерите со кои разговаравме велат дека главна причина за растот на индексот овие денови се двете владини уредби, со кои се изменија претходните правила на игра што ги воспостави власта, така што сега се дозволува да се одржуваат акционерски собранија, како и да се делат дивиденди за акционерите од ланската остварена добивка.
„Најзначаен фактор се двете владини уредби. Прво, тоа што се дозволи да можат да се одржат акционерските собранија, а второ, што се дозволи дивиденди да можат да делат и фирми со странски капитал после завршувањето на вонредната состојба, како и потврдувањето на дивидендите кои беа предложени од компаниите со домашен капитал, кои ќе се исплатуваат во наредните 30 до 60 дена“, вели за Фактор Васко Митев, директор на Илирика Инвестментс во Македонија.
Според него, други фактори кои влијаат на растот на македонскиот берзански индекс се и неговата поврзаност, односно корелацијата со странските пазари на капитал, што, пак, се должи на намалувањето на бројот на заболени во светот, како и се поизвесното решавање на спорото со нафтата, односно договорот меѓу Саудиска Арабија и Русија, кој ги качува цените на акциите во енергетскиот сектор.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





